Свети Стилијан Пафлагонски Детепазител () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа на територијата на Солунскиот универзитет, меѓу улиците „Егнатија“ и „Етники Амина“. Камен-темелникот е поставен на 27 февруари 1938 г. Градежните работи се забавиле поради избувнувањето на Грчко-италијанската војна во 1940 г. На 27 декември 1943 г. е одржана првата свечена литургија. Храмот е отворен на 26 ноември 1946 г. (денот на Свети Стилијан Пафлагонски) од митрополитот Генадиј Солунски.

Храмот е дело на истакнатиот архитект Аристотелис Захос, а со изведбата раководел архитектот Орестис Хаѕиангелу. Црквата е крстокуполен храм во византиски стил. Живописан е од познатиот зограф Поликлитос Ренгос. Главен покровител бил солунскиот адвокат Григориос Карипис, кој дал со 40.000 драхми и светогорските манастири, кои подариле 5.000 драхми.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Стилијан Стилијан, Солун Категорија:Појавено во 1946 година