Свети Никола () — црква во селото Богатско, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа на 300 м источно од селото, на подножјето на планината Саракина. Градбата претставува еднокорабна базилика со дрвен покрив покриен со плочи. Изградена е од варовник. Долга е 9 м, широка е 5 м, а страничните ѕидови се високи 3,5 м. Во жртвеникот има две ниши. Средишната конха е наполно зградена во источниот ѕид. Нема зачуван ктиторски натпис, но според архитектонските особености се претпоставува дека црквата е подигната некаде во средината на XVIII век. Храмот има забележителни фрески и убав резбаан иконостас од XIX век.
Поврзано Шишанско-сачишка епархија
Наводи
Надворешни врски
Никола, Богатско Никола, Богатско