Свето Преображение () — машки манастир кај селото Дреново, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.

Манастирот е сместен на видно место со широк поглед на врвот на планината Садово. Се наоѓа на 3 км северозападно од Дреново. Црквата е крстовиден храм со купола, на кој подоцна му е доградена припрата. Според ктиторскиот натпис, манастирот е основан во 1592 г. Од оваа првична фаза преостануваат манастирската црква, како и северното и источното крило на манастирот. Останатите градби изгореле во пожар за време на окупацијата во 1943 г. Сегашните конаци се изградени во 1990-тите. мини|лево|250п|Ктиторскиот натпис Иконографската програма на црквата се одликува со богатство на теми, од кои преовладува онаа на Богородица. Живописот се дело на уметникот Никола од Линотопи и датират од 1652 г. Се одликуваат со висок квалитет, симетрична и подредена распореденост и внимателен избор на бои. Се забележуваат заемки од западната уметност. Ктитори биле јеромонахот Паисиј, брат му Неофит и Георгиј, син на Караманис.

Од 1808 г. датираат фреските во припратата, изградена во 1805 г., изработени од зографот Аргир од Кримин и со средства на јеромонасите Христофор и Георги од Богатско.

На 20 март 1980 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Живопис

Поврзано Шишанско-сачишка епархија

Наводи

Надворешни врски

Преображение, Дреново Преображение, Дреново Преображение, Дреново Преображение, Дреново Категорија:Споменици на културата во Горуша (општина) Категорија:Појавено во 1592 година