Марјан Коцев (р. во ) — македонски пејач на македонска фолк музика.
Животопис - младост Растел во работничко семејство со татко, мајка и постар брат (сега познат и успешен музичар). Музичкиот талент го има наследено од неговата мајка која пеела убаво во младоста. Основно училиште завршил во Ваташа, Кавадарци, каде што бил и член на училишниот мандолински оркестар. По завршувањето на основното училиште во него се' повеќе се зголемува желбата за музицирање и творење. Уште тогаш имал изразен талент и чувство за музикалност, како и ѕвезда водилка која не му дозволувала да се помести од муичкиот правец, и покрај тоа што учи електро-машинско средно училиште. По враќањето на неговиот брат од војска, Никола Коцев, го формираат првиот музички состав „Модус“. До крајот на 1992 г. ја снимаат и првата песна „Мајко Македонијо“ на Ангел Димов и набрзо се популаризираат во Тиквешијата.
Љубовта кон музиката му дава сила и мотив сериозно и професионално да го изодува музичкиот пат. Со помош на неговиот брат, учествуваат на две изданија на КА-ФЕСТ, освојувајќи 4. место во 1992. и 2. место во 1993., а со тоа и добива можност истата година да учествува на еден од двата најреномирани фестивали во тоа време, „Цветници“ и „Фолк фест Валандово“ за следната година. Одлучува да учествува на Цветници во 1994 год. Тогаш, на Марјан Коцев широко му се отвораат вратите кон македонската музика, станува препознатливо младо лице на речиси сите фестивали, освојува награди, редовно ги посетува Македонците низ светот... И тоа, поради песната!
Почеток на кариерата
Марјан Коцев музичката кариера ја започнал во 1994 година, објавувајќи ја песната „Чија ли си девојко“ на Тодор Трајчевски (музика) и Орце Зафировски (текст), а веднаш потоа настапува на фестивалот за новокомпонирана народна музика „Цветници“ со песната „И на Цветници“ од кантавторот Јане Коџабашија. Како млад интерпретатор, учествува речиси на сите фестивали, пеејќи песни кои брзо стануваат хитови. Следната година, ’95, настапил со сега веќе хит, „Солзи нека пресушат“, освојувајќи неколку награди и неговата кариера тргнала по нагорна линија. Истата година настапува на „Тетовски филиграни“ со веселата „Бекрија љубовџија“ на Сашко Велков и Орце Зафировски, на Охридски трубадури ја изведува нежната „Прва љубов“, а на Фолк фест Валандово ја изведува љубовната „Бела Јасмина“ на Димитар Чемков и Тарабунов, освојувајќи второ место од жири комисијата. Набрзо станува звучно име на македонската естрада. Неговото име редовно се наоѓа на фестивалските списоци на Тетовски фолк фест, Филиграни, Валандово, Цветници... Се нижат насловите: „Свадба правам јас“, „Роден сум за песна“, „Печалбарска“, и тогаш од него најголемиот хит „Љубовен танец“ изведен на „Тетовски фолк фест“ во 1997 год.Следната година добива Награда за најслушана песна меѓу два фестивала за „Љубовен танец“, а набрзо ја објавува неговата прва касета насловена по истоимениот хит која го зацврствува името „Марјан Коцев“.
Во време на почетоците, има снимено неколку архивски снимки за продукцијата на МРТ. Има одржано повеќе концерти во Австралија, Канада, Америка, Швајцарија, Германија, Малта, Италија...
Коцев има објавено 3 албуми од кои еден е двоен албум, 1 компилација „Најдоброто од Марјан Коцев“ и двд издание од јубилејниот концерт од 2014 год. Дел од кариерата беше член на групата Дрим тим со која има остварено неколку видео проекти и аудио материјали, а имаат и настапувано како група Дрим тим.мини|Трет студиски албум - Крал на жените (двоен албум) - 2013 год. ЦД 1 - авторски / ЦД 2 - народни мини|Во 2014 год. прослави 20 години јубилеј со голем концерт во Универзална сала.
Фестивалски настапи
Цветници - И на Цветници ('94) / Солзи нека пресушат ('95) Фолк фест Валандово - Бела Јасмина ('95) / Верице, лична Верице ('96) / Лузни љубовни ('98) / Срце јужно (2004) / Ергенлак, пашалак (2005) / Уште ли ерген да одам (2006) / Земја ветена (2009) Тетовски фолк фест - Свадба правам јас ('96) / Љубовен танец ('98) / Роден сум за песна ('99) / Стари добри времиња ('99 со Дрим тим) / Сите песни љубовни (2002) Охридски трубадури - Прва љубов ('95) Тетовски филиграни - Бекрија љубовџија ('95) Роса фест - Запејте браќа (2001) / Ти, само ти (2004) / Дајте вино сите нека пијат (2006) / Песна за Дрим тим (2009) / Крал на жените (2010 - со Дрим Тим / Аманет - со Никола Коцев (2019) Пирин фолк Сандански, Бугарија - Земја ветена (2009) Тумба Фест - Европска (2019) / Жута љута (2020) Прилеп фест - Најзгодна (2012) / Виртуелна приказна (2022) Фолк хит Спасовден - Ајде, ајде моме Стојне (со Е. Велевска-2012) / Девојче бело црвено (2013) Илинденски етно фест - Од умот се подизгубив (2014)
Во 2009 година учествува на „Пирин фолк Сандански“ во Бугарија со композицијата „Земја ветена“ и се закитува со награда Прв исполнител“, а во 2023 година на Избор на Фолк хит истата композиција е прогласена за Песна на дијаспората.
Учествувал и на хуманитарниот концерт во чест и сеќавање на Секула Пупиноски, „Врати се како што замина ти“ во 2012 год. По повод 20 години од кариерата, во 2014 година одржа јубилеен концерт насловен како „20 години Марјан Коцев“ во Универзална сала, Скопје, во придружба на групата Дрим Тим. На концертот специјален гостин му беше г-дин Ефто Пупиноски, а покрај него беа Миле Кузмановски и Новица Василевски со кои го изведе вечно шармантниот хит „Место не ме држи, брате“, познат и како „Дајте вино сите нека пијат“. Повторно солистички концерт имаше во 2018 година, наречен „Сите мои песни" кој се одржа во Македонска опера и балет, во придружба на Група Дрим Тим, а специјална гостинка му беше Анета Љумаковска. По повод 25 години музичка кариера, во 2019 година започна турнеја по целиот свет, почнувајќи од Перт-Австралија, завршувајќи со 25. Концерт во родно Кавадарци на Тиквешки гроздобер во придружба на Галакси Бенд.
За Марјан колегите од естрадата велат дека е вистински колега, па така тој несебично учествува на нивни најважни настани како гостин. Беше гостин на концертите на Јордан Митев во Битола 2022 год., на јубилејниот концерт на Дрим тим по повод 25. годишен јубилеј во Скопје (2024), јубилеен концерт на Борче Наумовски во Битола (2026), како и на концертот по повод 50 годишнината од смртта на Никола Бадев во Кавадарци (2026).
Во 2024 год. првпат учествува во снимање на првиот музички филм во Македонија во улога на капетан, чија премиера се случи во 2026 год, со наслов „Охридски лудории“. Во текот на 2026 учествуваше на разни настани и манифестации, меѓу кои настапот на претфестивалската вечер на Фолк фест Валандово 2026 на градскиот плоштад, на фестивалот за чалгиска музика „Ваташа 2026 и Етно фест „Имат немат“-Охрид. Марјан Коцев редовно настапува на разни манифестации и народни средби низ Македонија и дијаспората, а периодов посветено работи на нов дискографски материјал.
Дискографија
Албуми и аудио компилации
Љубовен танец - МРТ (Љубовен танец, Солзи нека пресушат, Печалбарска, Бекрија љубовџија...) Ти, само ти - Сенатор Рекордс (Ти, само ти, Место не ме држи брате, Срце јужно, Ергенлак-пашалак, Меани, меани...) Крал на жените [2013 - 2 цд] - Сенатор Мјузик (ЦД 1 - Крал на жените, Земја ветена, Виски, Пукај ми во грб, Најзгодна, Против сиот свет... ЦД 2 - Од умот се подизгубив, Сите ми велат среќен си, Врана коња јавам јас, Сакам да сум крај тебе...) Најдоброто - Сенатор Мјузик
Видео изданија
Јубилеен концерт - Марјан Коцев 20 години - самостојно издание
Соработка на други проекти Дрим Тим и Марјан Коцев со пријателите – во живо [ЦД/ДВД 2011] - 8 песни Дрим Тим – 7 песни од Марјан Коцев на проектот (Промотивно ДВД 2015) Блех ансамбал Блезери – гостин со 2 песни – „Три години стана“ / „Меани, меани“ (2001) Музички филм „Охридски лудории“ 2026 - Улога: Капетан на брод - „Од умот се подизгубив“ / „Сите ми велат среќен сум“ (2026) Спотови Спот Година Режисер Место не ме држи брате 2006 Група Биоритам Најзгодна 2012 Бом ТВ Земја ветена 2012 Бом ТВ Јас сум Македонец 2012 Бом ТВ Крал на жените 2012 Бом ТВ Ива Ива најмила 2013 Бом ТВ Китен девере 2015 ИН ТВ Илино чедо 2017 ИН ТВОд умот се подизгубив2026Ред Централ Македонија
Наводи
Надворешни врски Марјан Коцев на YouTube Марјан Коцев на Facebook - Фан страна
Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи