Јаглика () — загрозен растителен вид од семеството јаглики. Луѓето го собираат поради прекрасните цветови. Постојат бројни хортикултурни форми што се користат за украсни цели. Тоа е меѓу најраните пролетни цветови, како што е името на - значи првиот, додека значи обичен, секојдневен.
Распространета е во Западна и Јужна Европа (од Фарските Острови и Норвешка на север, преку Португалија на југ, до Украина и Балканскиот Полуостров на исток), како и во областа на северозападна Африка (Алжир) и Југозападна Азија (Турција и Иран).Flora Europaea: Primula vulgarisGermplasm Resources Information Network: Primula vulgaris Ја има и во Македонија.
Име
Латинското име е primula oficinalis. На македонското јазично подрачје познато е како и агличка (Петрич), петопрст (Прилеп), агличина (Ветирно, Демир Хисар), аглика (Височен, Драма), грочвец (Загоричани), гром-цвет (Калопот, З'хненско), игличе (Мехомија, Разлог), биглички (Страчишта, Неврокоп), егличе (Банско, Разлог), гороцвет (Ресен), калујан (Дардере, Ѓумурџиско), Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 11 љубичица (Горни Полог).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Лековити растенија Категорија:Јаглики Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа