Ѓоко Јовиќ (р. во ) — македонски пејач.

Животопис

Ѓоко Јовиќ е роден на 27 септември 1985 во Валандово. Има одржано многу концерти во Соединетите Држави, Канада, Австралија, Швајцарија, Германија и многу други европски држави.

Тој во својата кариера има и свој авторски песни, кој некој од нив се и хитови. Член на на групата Енерџи Бенд веќе долги години.

Албумот „Тугина пуста далечина“ го објавил во 2015 година. На албумот се нашле песните „Црвена вишна“, „Синот единец се жени“, „Низ песни ќе те испеам“, „Куќо моја куќо стара“, „Дајте ни вино“, „Дедо благослови ме“ и други. Тој има и дуети со со познати македонски изведувачи со: Благица Павловска со „Круна на љубовта“, Гоце Петрески со „Мили брате“ и Милица Кузмановска со „Клуч од рајот“.

Во 2019 година, ја снима песната „Стојне моме на чорбаџи Стојана“ во 2023 година, „Ергени се збрале“ и во 2024 година „За четири наши дечиња“ кои биле во режија на Владо Дојчиновски. Во 2024 година, ги објавил неговите две песни „Незаборавна“ и „Магија“, каде спотовите биле снимени во Австралија, каде тој често гостува.

Во 2024 година, заедно со Енерџи Бенд снимиле сплет со патриотски песни, а воедно и филм со наслов „Послушајте патриоти“, каде учествуваат познати македонски глумци. Филмот е по сценарио и режија на Владо Дојчиновски.

Тој живее и работи во Скопје.

Спотови Спот Година Режисер Лудница 2014 Арт Студио Продукција Зумба Зумба 2015 Пусти биле желбите 2016 Една и единствена 2017 Мили брате 2017 ИН Продукција Парче неба 2017 Корени 2018 Арт Студио Продукција 1001 ноќ 2018 Арт Студио Продукција За Велигден 2019 ИН Продукција Стојне моме на чорбаџи Стојана 2019 Владо Дојчиновски Не е прекасно за среќа 2019 ИН Продукција Тешко е на душата || 2019 || Арт Студио Продукција |- | Мила моја || 2019 || ИН Продукција |- | Решив дома да се вратам || 2019 || ИН Продукција |- | Ти си моја жена || 2020 || |- | Очи океани || 2020 || |- | Ѕвезда најсветла || 2020 || |- | Полетај соколе || 2021 || ИН Продукција |- | Пустина || 2022 || |- | Пламен на љубовта || 2022 || ИН Продукција |- | Око плаво || 2022 || |- | Ергени се збрале || 2023 || Владо Дојчиновски |- | Моја Ветена || 2023 || |- | За четири наши дечиња || 2024 || Владо Дојчиновски |- | Незаборавна || 2024 || |- | Магија || 2024 || Арт Студио Продукција

| Ако одиш || 2024 || Арт Студио Продукција |- | Послушајте патриоти'' 2024 Владо Дојчиновски

Надворешни врски Профил на Ѓоко Јовиќ , Музички регистар. Ѓоко Јовиќ на YouTube Ѓоко Јовиќ на Facebook - Обожувателска страна Послушајте патриоти

Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи