мини|Еласа Еласа ( ) е остров кој може да се најде североисточно од Крит во Егејското Море, на околу 3.5 наутички милји од палмовата шума во Ваи. Карпеста е и ненаселена со површина од 1.9 квадратни километри. Неговата највисока точка е 79 м надморска височина. Административно припаѓа во општината Итанос во Ласити .
Еколошки заштитено подрачје Еласа е сосед на островите Дионисади и е дел од еколошки заштитено подрачје со многу ретки растенија и животни, вклучувајќи ја и средоземната монашка фока.
Поврзано
Список на острови во Грција
Наводи
Надворешни врски
Еласа на мапата
Категорија:Острови во Грција Категорија:Острови во Средоземното Море Категорија:Координати на Википодатоците