Дино Имери (1990, Скопје, Република Македонија) — македонски пијанист исто така познат како "волшебникот на пијаното". Тој е прогласен за Најдобар Уметник на УКИМ за 2022 година - признание кое може да се стекне еднаш во кариерата.
Музичко образование и кариера Дино Имери е роден во Скопје. Во текот на својата кариера остварил бројни настапи со повеќе оркестри и камерни ансамбли, како: Македонската филхармонија, Софиската филхармонија, Стразбуршката филхармонија, Симфонискиот и камерен оркестар на ФМУ, Македонската опера и балет, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, ID Chamber Orchestra итн. Исто така, остварил рецитали на повеќе престижни музички сцени, како што се: „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Палатата „Естерхази“ и „Лист-центрум“ во Австрија, „Пијано плаж фестивал“ во Франција, Скопско лето, Охридско лето, Интерфест — Битола итн. Покрај тоа, Имери снимил неколку дискографски изданија, а добитник е и на повеќе награди и признанија. Во 2018 година станал доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје,„Концерт на Стојан Димов и Дино Имери“, 61 Фестивал Охридско лето / Ohrid Summer Festival. а во 2023 година се стекнува со звање вонреден професор.
Наводи
Категорија:Македонски пијанисти Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Живи луѓе