Златица () — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Златица во Софиската Област. Има население од околу 4.517 жители (2022).

Географија Златица се наоѓа на 70 километри источно од главниот град Софија и 52 километри западно од Карлово на подбалканскиот пат. Се наоѓа на 680 мнв во средишниот дел на Златишко-Пирдопската Котлина.

Историја Златица е стара населба. Се верува дека околината била населена уште од праисторијата. Некои извори ги спомнуваат Римјаните како основачи на градот. Првата пишана информација е во познатата Виргинска грамота на бугарскиот цар Константин Асен (1257–1277), каде што се споменува населба што постоела под ова име. Градот го добил името Златица бидејќи во областа се добивало злато.Община Златица - История

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на општина Златица

Категорија:Населени места во областа Софија Категорија:Градови во Бугарија