Федерико Гати (роден во Риволи, 24 јуни 1998) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Биографија Гати е син единец на своите родители; неговиот татко Лудовико бил спортски директор во Павароло, додека Федерико играл за таа екипа.

На 17-годишна возраст, Федерико го напуштил училиштето и почнал да работи, откако татко му останал невработен. Така, три години додека играл во ниските италијански фудбалски лиги Промоционе и Екеленца, Гати работел како ѕидар, поправал прозорци и покриви, додека тренирал навечер. Во италијанските медиуми кариерата на Гати често се споредува со онаа на Морено Торичели, кој играл аматерски фудбал и работел како столар пред да потпише со Јувентус во 1992 година.

Гати за свој идол го има поранешниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини.

Технички карактeристики Физички силен робустен централен дефанзивец, вешт во играта во воздухот и што го прави опасен во офанзивната фаза по изведување на прекини (корнери, слободни удари итн.). Неговите најзначајни одлики пред се вклучуваат издржливост и експлозивна сила, иако тој умее да даде нешто и во развивањето и создавањето на акциите на својата екипа. Неговата добра поединечна техника доаѓа од неговата претходна улога на која настапувал како многу млад како офанзивен играч од средниот ред зад напаѓачите. Гати е природен деснак, кој на теренот се издвојува по својата цврстина и карактер. Вешти во лизгачките стартови и одземањети на топката, но има и добро чувство за позиционирање и тајминг кога да се нападне противникот.

Клупска кариера Почетоци и рана кариера Својата кариера како дете Гати ја започнал во екипата на Кјери. Во 2005 година, на седумгодишна возраст, играл во пријателски натпревар за Кјери против Торино; Џорџо Бошарато, спортскиот скаут на Торино, го забележал неговиот талент како „треквартиста“ и го пријавил кај Силвано Бенедети, спортскиот директор на младинскиот сектор на Граната, кој на крајот го потпишал младиот играч и го довел во престолнина на Пиемонт. Гати бил промовиран во тимот под 15 години, пред да продолжи во младинскиот тим на Алесандрија. Гати ги поминал сезоните 2012-2013 и 2013-2014 играјќи за екипите на Алесандрија под 15 (Џованисими национали) и под 17 години (Алиеви национали).

Во текот на неговата младинска кариера, Гати не бил сметан за голем талент ниту во Торино ниту во Алесандрија. Гати бил испратен на позајмица во Павароло во сезоната 2014-2015. Наместо да игра за тимот под 17 години, Гати го поминал поголемиот дел од сезоната играјќи за тимот под 19 години, за кој постигнал 13 гола во 18 првенствени настапи и покрај тоа што имал само 16 години.

Во врска со својте почетоци на кариерата, многу години подоцна кога Гати веќе бил играч на во Серија Б изјавил за себе:

Аматерска кариера Во февруари 2015 година, Гати дебитирал за првиот тим на Павароло во Промоционе - шестото ниво на италијанскиот фудбал, и забележил четири настапи во сезоната 2014-2015. Следната сезона, повторно како позајмен од Алесандрија, Гати бил промовиран во првиот тим на Павароло и постигнал три гола во 27 првенствени настапи во Промоционе; тој, исто така, бил награден со признание за најдобар млад играч на сезоната, а неговата екипа изборила промоција во едно ниво повисоката дивизија Екеленца, откако го освоиле Купот на Италија Промоционе Пиемонт-Аостинска Долина.

Во 2016 година, Алесандрија го позајмила Гати на екипата на Салуцо, каде тој не нашол многу простор за игра забележувајќи само 4 настапи, по што се вратил во Павароло кон средината на јануари 2017 година. На крајот на сезоната, Павароло сепак избегнал испаѓање во Промоционе. За време на сезоната 2016-2017, Гати постигнал осум гола во 31 првенствен натпревар. Во следната сезона (2017–2018), поради финансиски проблеми, Павароло не можешел да ги плати своите играчи, па најискусните играчи решиле да не тренираат и играат во последните 10 првенствени натпревари, а голем број на играчи од тимот до 19 години биле промовирани во првиот тим. Бидејќи Гати бил највисокиот играч во тимот, на барање на тренерот тој ја променил својата позиција од играч од средниот ред во одбранбен играч, што ќе му донесе нов правец во кариерата. Екипата на Гати испаднала во Промоционе на крајот од сезоната.

Во екипата на Вербанија биле импресионирани од настапот на Гати како дефанзивец во натпреварот против нив, и го купиле од Алесандрија потпишувајќи постојан договор со него во 2018 година. Играјќи сега постојано како дефанзивец, Гати постигнал еден гол на 34 првенствени натпревари, помагајќи Вербанија да ја освои титулата во Екеленца. Гати го импресионирал клубот од Серија Ц, Кавезе, кој се обидел да го купи, но не успеал да го стори тоа. Во следната сезона (2019–2020), Гати постигнал три гола во 22 настапи во Серија Д пред прекинот предизвикан од пандемијата на КОВИД-19 во Италија, по што неговата екипа испаднала во Екеленца бидејќи го заземала претпоследното место на табелата.

Про Патрија и Фрозиноне

Во летото 2020 година, на возраст од 22 години, Гати станал професионален фудбалер потпишувајќи го првиот професионален договор со екипата на Про Патрија, натпреварувач во Серија Ц лигата. На 30 септември, тој дебитирал за Про Патрија во натпревар од второто коло на Купот на Италија кој го загубиле од со 3-2 по продолженија. Првиот натпревар во Серија Ц го одиграл на 4 октомври, во ремито 1–1 со Про Верчели. Својот единствен гол за Про Патрија го постигнал на 3 април 2021 година, а тој бил победнички во успехот со 1–0 над Леко. На 9 мај, Гати играл во последниот натпревар на Про Патрија за сезоната во плејофот за промоција во Серија Б против Јувентус У23 — резервниот тим на Јувентус — во натпревар загубен со 3–1 на домашен терен, по што неговиот тим ги загубил шансите за промоција уште по првото коло на плејофот. Сезоната ја завршил со 36 настапи.

Во јуни 2021 година, Гати преминал во , потпишувајќи четиригодишен договор со екипата од Серија Б, која и платила на Про Патрија надомест од околу 250.000 евра. Гати го имал своето деби на 15 август во натпреварот од првото коло на Купот на Италија против , кој завршил нерешено 1–1, а откако се стигнало до тоа натпреварот да биде одлучен по изведување пенали, тој бил трагичарот промашувајќи го одлучувачкиот пенал во поразот на неговата екипа со 8–7. Сепак, тоа не го поколебало дефанзивецот да одигра одлична дебитантска сезона во Серија Б; дебитирал во лигата на 20 август, играјќи како стартер во ремито 2–2 против , а својот прв гол за Фрозиноне го постигнал на 23 октомври во победата со 2-1 над . Под водството на тренерот Фабио Гросо, Гати одржувал високи перформанси во текот на целиот прв дел од сезоната, придонесувајќи и во нападот со дури три гола, вклучувајќи ги и двата гола во победата со 4-0 против на 18 декември.

Во текот на зимскиот трансферен прозорец, Гати бил блиску до трансфер во Торино, пред нивниот градски ривал, да се вклучи во трката за неговиот потпис и да го купи на 31 јануари 2022 година. Надоместот за трансферот изнесувал 7,5 милиони евра плус 2,5 милиони евра во бонуси во зависност од неговите настапи. Гати потпишал четири ипол годишен договор со Јувентус, но клубот од Торино одлучил да го остави играчот во Фрозиноне до крајот на сезоната. Сезоната 2021-2022 во Серија Б ја завршил со 36 настапи и 5 гола, но не успеал да му помогне на клубот да избори промоција во Серија А откако завршиле на деветтото место - кое не води во плејофот за промоција - со ист број на бодови како и осмопласираната , но со послаби резултати во меѓусебните дуели со Грифоните.

Јувентус Откако ја завршил сезоната 2021-2022 со Фрозиноне во Серија Б, Гати му се приклучил на Јувентус воден од Масимилијано Алегри на летните подготовки за наредната сезона во САД. Своето деби за Јувентус во официјален натпревар го имал на 31 август 2022, во победата со 2-0 на домашен терен против во Серија А; тоа исто така било и неговото деби во највисоката дивизија на италијанскиот фудбал. За својот дебитантски настап во Серија А, Гати изјавил: „Беше толку емотивно што не можам да опишам со зборови. Да дебитираш во Серија А е сон на секое дете. Јас денес го остварив и многу сум среќен, но тоа мора да претставува само почеток.“ На 25 октомври, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, во поразот со 4–3 од Бенфика во Лисабон. На 13 април 2023 година, тој го постигнал својот прв гол за Јувентус, во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа против Спортинг Лисабон, одлучувачки за победата на неговата екипа со 1–0. На 11 мај 2023, Гати постигнал уште еден гол во истото натпреварување, во првиот натпревар од полуфиналето против , за да изедначи на 1-1 (што бил и конечен резултат) во седмата минута од судиското продолжение. Првата сезона со Јувентус ја завршил со вкупно 27 настапи и 2 гола.

Следната сезона, на 7 октомври 2023, Гати го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 2-0 во градското дерби против . Во текот на сезоната 2023-2024, Гати постигнал уште три гола, сите одлучувачки за победи на Јувентус: првиот во последните секунди од натпреварот против за победата со 2-1 на Бриантео, а потоа го постигнал единствениот гол во победите со 1-0 на домашен терен против и . На 15 мај 2024 година, тој бил стартер во финалето на Купот на Италија и придонел за освојувањето на 15-тата титула на „бјанконерите“ во натпреварувањето, со победата од 1-0 против Аталанта, со што го освоил и својот прв личен трофеј со Јувентус.

На почетокот на сезоната 2024-2025, за време на победата од 3-0 на домашен терен против во лигата, тој за првпат ја носел капитенската лента на „бјанконерите“. На 1 октомври 2025 година, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, со спектакуларен удар со „ножички“, во ремито 2-2 против Виљареал, во второто коло од лигашката фаза на натпреварувањето.

Репрезентативна кариера thumb|Гати (десно) во дуел со Бојан Димоски од Македонија во натпревар од квалификациите за ЕП 2024. Во мај 2022 година, селекторот на италијанската сениорска репрезентација, Роберто Манчини, го повикал Гати на тридневен тренинг камп во Коверчано. Своето деби за Италија го имал на 11 јуни, кога бил избран да игра од почетокот во натпреварот од УЕФА Лигата на нации против Англија. Натпреварот завршил 0-0, а Гати добил позитивна оценка за чување на англиските напаѓачи Тами Ејбрахам и Хари Кејн.

Тој се вратил во дресот на репрезентацијата во ноември 2023 година, на почетокот на циклусот на новиот селектор Лучано Спалети, за време на квалификациите за Европското првентво 2024, во кои аѕурите славеле победа во Рим над . Во мај 2024 година, иако првично останал надвор од тимот повикан за зарвшниот турнир на Европското првенство во Германија, но потоа бил вклучен во списокот откако Франческо Ачерби и Џорџо Скалвини се повлекле поради повреда. Сепак, тој не настапил ниту еднаш за време на турнирот.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 11 јуни 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 Павароло Пром. 4 0 КИ-Пром. ? ? - - - - - - 4 0 2015-2016 Пром. 27 3 КИ-Пром. 0 0 - - - - - - 27 3 2016-јан. 2017 Салуцо Екел. 4 0 КИ-Дил. 0 0 - - - - - - 4+ 0+ јан.-јун. 2017 Павароло Екел. 15 5 КИ-Дил. 3 0 - - - - - - 18 5 2017-2018 Екел. 32 7 КИ-Дил. 5 0 - - - - - - 37 7Вкупно Павароло 78 15 8 0 - - - - 86 15 2018-2019 Вербанија Екел. 29 3 КИ-Дил. 0 0 - - - - - - 29 3 2019-2020 Д 22 3 КИ-Д 0 0 - - - - - - 22 3Вкупно Вербанија 51 6 0 0 - - - - 51 6 2020-2021 Про Патрија Ц 34+1Плејоф. 1 КИ 1 0 - - - - - - 36 1 2021-2022 Б 35 5 КИ 1 0 - - - - - - 36 5 2022-2023 А 18 0 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 2+5 0+2 - - - 27 2 2023-2024 А 31 4 КИ 4 0 - - - - - - 35 4Вкупно Јувентус 49 4 6 0 7 2 - - 62 6Вкупно во кариерата 221 26 12 0 7 2 - - 239 28

Титули Клупски Павароло Куп на Италија Промоционе Пиемонт-Аостинска Долина: 1 2015-2016

Вербанија Екеленца: 1 2018-2019 (група Б)

Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024

Поединечни