Бардо — македонски филм од 2012 година во режија на Марија Апчевска, а сценариото е на Марија Апчевска и Катерина Момева. Главните улоги ги играат Кирил Псалтиров, Љупка Џундева, Марин Бабиќ, Катерина Шехтанска, Данчо Чевревски и Маја Вељковиќ-Пановска.
Резиме Тибетскиот збор бардо буквално значи „средна состојба“, но се преведува и како преодна состојба или состојба помеѓу. Тоа е состојба која лежи помеѓу две други состојби, помеѓу животот и смртта, тагата и радоста, да се биде дете и да се расте. Бардо е приказна за двајца пријатели, мало девојче и балон кој ја потсетува на нејзиниот татко. Приказна за светот на едно мало девојче кое доаѓа лице в лице со светот на возрасните додека присуствува на погребот на нејзиниот татко.
Улоги ГлумецУлога Кирил Псалтиров Дедото Љупка Џундева Бабата Марин Бабиќ Попот Катерина Шехтанска Младата девојка Данчо Чевревски Вујкото Маја Вељковиќ-Пановска Мајката Душица Стојановска Тетката Нино Леви Продавач на свеќи Мајда Тушар Марија Благоевска Мало девојче
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Филмови од 2012 година Категорија:Филмови на Марија Апчевска Категорија:Филмови со Кирил Псалтиров Категорија:Филмови со Љупка Џундева Категорија:Филмови со Марин Бабиќ Категорија:Филмови со Маја Вељковиќ-Пановска Категорија:Филмови со Катерина Шехтанска Категорија:Филмови со Данчо Чевревски Категорија:Филмови со Нино Леви Категорија:Филмови со Мајда Тушар Категорија:Појавено во 2012 година во Македонија