Ксерофагија („јадење на сува“, од грчки „суво“ и „јади“) ― облик на пост забележан во источното христијанство за време на Великиот пост и некои други пости. „Сува“ првенствено се однесува на храна зготвена без масло. Во грчката традиција, „масло“ главно се однесува на маслиново масло, но во словенската традиција, ова се протега и на путерот и на другите видови растително масло. Исхраната за време на ксерофагијата се состои од леб, овошје, јаткасти плодови (понекогаш и мед), како и зеленчук варен со вода и сол.
Надвор од редовниот календар на христијанските пости, ксерофагијата може да се користи и како покајание за одредени престапи. На пример, во 35-те канони на Свети Јован Постачот, покајанието за секој монах фатен во хомосексуални дејствија вклучува ксерофагична диета во траење од три години заедно со други покајанија.
Поврзано
Сиројадение
Наводи
Категорија:Испосништво Категорија:Источно христијанска литургија Категорија:Христијанско постење Категорија:Грцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ