Бад Есен (до 1902 година: Есен; ) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Местото со своето историско јадро е сместено на германскиот фахверк пат.

Географија Местоположба

Општината се наоѓа на премин од Средните ридови кон Северногерманската Низина. Ридскиот масив Виен ја зафаќа јужната третина од општината. Највисока точка во општината е 215 метри. Реката Хунте тече низ општината од југ кон север.

Соседни општини

Општината Бад Есен се граничи со следниве градови и општини (почнувајќи од десно): Штемведе, Пројсиш Олдендорф (обата во округот Минден-Либеке во Северна Рајна-Вестфалија), Меле, Бисендорф, Остеркапелн и Бомте.

Општински единици

Општината е составена од 17 единици:

Бад Есен Баркхаузен Брокхаузен Бишерхајде Далингхаузен Ајелштет Харпенфелд Хајтхефен Хердингхаузен Хизеде Лине Линторф Локхаузен Рабер Верендорф Вимер Витлаге

Местото Бишерхајде со околу 160 жители поштенски припаѓа на Пројсиш Олдендорф во Северна Рајна-Вестфалија, каде исто така учениците и посетуваат училиште.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Оснабрик (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија Категорија:Бањски градови во Германија