Улцеративен колитис — хронична состојба која разултира со појава на воспаление и улцери на колонот и ректумот. Главни симптоми на активна болест се абдоминална болка и дијареа помешана со крв. Губиток на телесна тежина, треска, и анемија исто така може да се појават. Често, симптомите се развиваат бавно и може да бидат од благи до сериозни. Симптомите вообичаено се јавуваат периодично со периоди без симптоми помеѓу две егзацебрации. Компликациите може да вклучуваат абнормална дилатација на колонот (мегаколон), воспаление на очите, зглобовите, или црниот дроб, и рак на дебелото црево.

Заедно со Кронова болест, околу 11.2 милиони луѓе биле засегнати заклулно со 2015 година. Секоја година се јавува за прв пат кај 1 до 20 луѓе на 100,000 жители, а 5 до 500 луѓе на 100,000 жители се засегнати. Болеста е почеста во Северна Америка и Европа отколку во другите региони. Почесто се јавува кај лица од 15 до 30 години, или кај оние над 60 години. Males and females appear to be affected in equal proportions. Исто така нејзината зачестеност се зголемува од 1950-те. Заедно, улцеративниот колитис и Кроновата болеста ги имаат околу милион луѓе во САД. Со соодветен третман ризикот од смрт е еднаков со општата популација. Улцеративниот колитис за прв пат бил опишан околу 1850-те.

Наводи

Категорија:Автоимуни болести