Андреј Ал-Асади (1996, Лондон, Обединето Кралство) — македонски поет и писател. Член е на управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Творештво Aвтор е на стихозбирките: „Midnight Blues“ (2013, Антолог), „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации), „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) и „Рубедо“ (2025, ПНВ Публикации). Со последните четири стихозбирки беше во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“, а добитник е на наградата „Енхалон“ што исто така ја доделуваат СВП.

Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите!“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот), како и на поемата „Никогаш пред ил потем“ за која ја освои наградата„Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 г. Ал-Асади е застапен и во антологијата „Очудувања 3“ (Бегемот, 2019), а во 2021 година се појавила и неговата втора збирка раскази, „Утрото на бессоните“, во издание на Бегемот.Андреј Ал-Асади, Утрото на бессоните. Скопје: Бегемот, 2021. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 368. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 349-352.

Учества на фестивали Ал-Асади учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: „Поетска ноќ во Велестово“, „Струшките вечери на поезијата“, „Скопскиот поетски фестивал“, на Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција и на интернационалниот поетски фестивал „Стих у регији“ во Загреб, Хрватска.

Преводи Неговите песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик.

Награди 2018 - награда „Новите!“ за најдобар дебитански прозен ракопис 2022 - награда „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата 2024 - награда „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2024 година.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Добитници на наградата за поема „Григор Прличев“