Шишански манастир „Успение на пресв. Богородица“ — манастир кај Шишани во Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Манастирот се наоѓа на 2 км југозападно од селото Шишани, до урнатините на некогашниот катедрален храм на Шишанската епархија, „Пресв. Богородица“.
Историја Манастирот е основан во 1650 или 1772 г. Уште од самиот почеток имал врски со светогорскиот манастир Ватопед. Изгледа дека црквата првично не била манастирска. Постоењето на манстирот за првпат се спомнува во белешката на Неофит II Шишански во кондиката на митрополијата од 1797 г. за селото Шишани. Така, по 1762 и пред 1797 г., црквата „Успение на пресв. Богородица“ е претворена во манастир. Поверојатно е дека храмот е изграден во XVIII век, а не во XVII како што тврди натписот. Градбата нема никаква црта од типологијата на манастирските цркви како купола, страничните ниши итн. Иконостасот е од обично дрво, зографисано со растителни и животински мотиви, како што се вратите од куќите во Сачишта од крајот на XVIII век. Царските икони се дело на зографот Георги Мануил од Селица, подарок од игуменот Теофан. За време на Македонската борба бил база на андартските чети.
Во 1970 г. манастирот е прогласен за споменик на културата.
Галерија
Поврзано Шишанско-сачишка епархија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Цркви во Горуша (општина) Категорија:Манастири во Горуша (општина) Категорија:Цркви во Шишанско-сачишката епархија Категорија:Манастири во Шишанско-сачишката епархија Категорија:Споменици на културата во Горуша (општина) Категорија:Појавено во 1650 година