врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/21/Zorn Cachucha.jpg/250px-Zorn Cachucha.jpg|десно|мини|250x250пкс| Кореографија за шпанскиот танц Качуча, опишана со користење танцова нотација врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5a/Swanlake014.jpg/250px-Swanlake014.jpg|десно|мини|250x250пкс| Кореографија на грузиската кореографка и примабалерина Нина Ананијашвили за балетот Лебедово езеро, 20 април 2007 година. Кореографија ( буквален превод — пишување на танц) — посебна уметничка дисциплина во создавањето на сценско-музички танцови дела. Компонирање, аранжирање на сложени танцови елементи во единствена формално содржинска единица усогласена со музичката основа. Во таканаречениот класичен балет, оваа композиција мора да следи многу канони, додека во модерниот танц кореографите користат послободни форми. Кореограф е музичко-сценски уметник кој создава танцови аранжмани (чекори, движења, фигури итн.) за театарска претстава (балет, драма, опера). Најкомплексни поставки се целовечерните балетски претстави. Најчесто, балетаните со богато танцово искуство и особен талент за овој вид креативна работа, кон крајот на својата активна играчка кариера се одлучуваат за кореографска работа.

Етимологија Зборот кореографија () буквално значи „пишување танц“ и е формиран од грчките зборови „χορο“ што значи „кружен танц“, или буквално „играм во круг“ и „γραφία“ што значи „пишувам, бележам“. За прв пат се појавил во американско-англискиот речник во 1950-тите, и зборот кореограф () за прв пат го користел Џорџ Баланчин во мјузиклот на Бродвеј „На твоите прсти “ во 1936 година. Пред тоа, за сценските или филмските заслуги користеле фрази како „составите спремени од“, „танцовите спремени од“, или едноставно „танцови“ за означување на кореографот.

Поврзано Кореодрама

Наводи

Литература

Категорија:Сценска уметност Категорија:Неологизми од 20 век Категорија:Грцизми