Хипербола — троп поширок од зборот, а уметничката вредност ја добива по пат на претерување. Со хиперболата нештото се прикажува поголемо одошто е. Обратно од хипербола е литота.

Примери Народни песни: Болен Дојчин Глава има колку еден казан, уши колку два таруна, очи има колку два шиника. Он ми сака голема таина: на ден ми сака една фурна леба, и ми сака по две бочви вино, и ми сака по бочва ракија, и ми сака по три млади крави…

Во секојдневниот говор: Милион пати ти реков да не го правиш тоа! Умрев од смеење! Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнал. Таа исплака море од солзи. Завршувам за секунда! Смртно ми е досадно.

Поврзано Литота

Наводи

Категорија:Фигури (стилистика) Категорија:Реторички техники Категорија:Грцизми