мини|десно|240п|Нунатакот Стар на брегот на Викториината Земја, Антарктик мини|десно|240п|Нунатаци на Источен Гренланд Нунатак (од инуитски: nunataq) — чуковиден врв или срт на планина кој стрчи од ледено поле или ледник кој инаку ја покрива сета планина или срт. Ваквите врвови се наречени и леднички острови.Physical Geography: Hydrosphere, 2006, , p. 114 Чести примери се природните пирамидални врвови. Кога ќе станат заоблени од ледничките дејства, овие камени изданоци се нарекуваат роњони.
Зборот е од гренландско потекло и навлегол во Западна Европа во 1870-тите.
Опис Поимот обично се користи на подрачја каде преовладува трајната ледена покривка, а нунатаците се издаваат над неа.J. J. Zeeberg, Climate and Glacial History of the Novaya Zemlya Archipelago, Russian Arctic. стр. 82–84 Тие претставуваат лесно препознатливи упатно-појдовни точки на ледниците или ледените капи, и затоа најчесто имаат имиња. Некои од нив се изолирани, но неретко се среќаваат во густи групи, како што е случај на Земјата на Кралицата Луиза на Гренланд.
Нунатаците се претежно остри и зашилени, што го спречува нафаќањето на леднички мраз, но не и трупањето на снег. Силно се разликуваат од поблагите контури на леднички еродираните предели што настануваат по повлекување на ледниците.
Тие се единственото место каде растенијата можат да опстанат на ледени покривки и капи, и виреат во уникатни станишта поради нивната изолираност.
Поврзано Список на нунатаци
Наводи
Надворешни врски
Високогорското споменче (Eritrichium nanum) опстанува на нунатаци
Категорија:Леднички земјишни облици Категорија:Глациологија Категорија:Планини