Палмеров Архипелаг (, на др. јазици: Archipiélago Palmer, Antarktiske Arkipel, Palmer Inseln) — група острови северозападно од Антарктичкиот Полуостров. Се протега од островот Тауер на север до островот Анверс на југ. Одвоен е од околината со протоците Жерлаш и Бизмарк на Антарктичкиот Полуостров, односно Вилхелмовиот Архипелаг.

Историја Архипелагот е откриен во 1898 г. од Адриен де Жерлаш, водач на Белгиската антарктичка експедиција (1897–1899). Го нарекол по американскиот капетан Натаниел Палмер, кој пловел по овие води во 1820 г.

На архипелагот имало истражувачки станици на Аргентина и Обединетото Кралство.

Острови Острови во рамките на архипелагот:

Поврзано Список на антарктички и подантарктички острови

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Архипелази во Јужниот Океан Категорија:Аргентински Антарктик Категорија:Британска Антарктичка Територија Категорија:Острови на Антарктикот