Бајкалска жолтоперка (Cottocomephorus grewingkii) ― вид на риба од семејството Cottoidea, која е ендемска на Бајкалското Езеро и неговите притоки во Сибир, Русија. Најчесто е застапена во јужниот дел на езерото и живее од близина на брегот до длабочина од 300 м.
Изглед Може да достигне и до 19 цм во вкупна должина, но повеќето се 10-14 цм. Тие имаат релативно големи пекторални перки, кои се жолти кај мажјаците. За време на сезоната на парење, главата на мажјакот станува црна кога ќе наиде на други мажјаци.
Поведение Бајкалската жолтоперка се храни со копеподи (особено Epischura baikalensis), амфиподи, ларви од инсекти и ларви од риби. Постојат три одделни периоди на размножување: март, мај и август. Постојат одредени разлики во однесувањето и местото на размножување во зависност од тоа кога се размножува рибата. Размножувањето се случува на длабочина од 20 цм до 20 м во пукнатина под карпа, која е со димензии од 15 × 20 цм до 30 × 40 цм. Растојанието помеѓу рамната долна страна на карпата и дното е по можност 2.5-4 цм. Женката снесува од 389 до 3136 јајца на долната страна на карпата (горната страна на пукнатината), кои ги чува мажјакот и ако тој исчезне, јајцата обично пропаѓаат. Јајцата се изведуваат по 15-20 дена на температура на водата од 10-11 °C и 20–24 дена на 5-8 °C. Откако ќе се изведат, ларвите на рибите првично преживуваат од нивната жолчка, а потоа почнуваат да се хранат со копеподи. Бајкалската жолтоперка може да достигне возраст до шест години и да достигне сексуална зрелост на две или три години.
Статус и закани Младите бајкалски жолтиоперки се важна храна за други риби како што е омулот. До 1950-тите и 60-тите години, бајкалската жолтоперка била ловена во голем број, но ловот опаднал и повеќе не е ловена комерцијално. Главна причина за падот билахидроцентралата „Иркутск“, која предизвика тиња на местата за размножување. Друга закана се колониите од алги (Spirogyra и Ulothrix), кои за време на цветањето може да ги покријат нивните места за размножување.
Наводи
Категорија:Риби опишани во 1874 година Категорија:Таксон именуван од Бенедикт Дибовски Категорија:Слатководни риби на Азија Категорија:Риби во Бајкалско Езеро Категорија:Cottocomephoridae