мини|десно|Твејтсовата Ледена Плоча

Тејтсова Ледена Плоча — ледена плоча на Антарктикот на Амундсеновото Море. Наречена е по Фредрик Твејтс, леднички геолог геоморфолог. Ова е еден од најголемите ледени плочи на Западниот Антарктик, иако е многу нестабилен и се брзо се распаѓа. Од 1980-тите, the Твејтсовиот Ледник го носи прекарот „Ледник на Судниот ден“ и досега има изгубено 600 милијарди тони мраз, иако припоеноста до Тејтсовата Ледена Плоча го има забавено овој процес. Тејтсовата Ледена Плоча има улога на источниот дел на ледникот, овозможувајќи бавно топење, за разлика од незаштитениот западен ден.

Според истражувањата, плочата дава потпора на една третина од ледникот и со тоа спречува негово топење, кое инаку би било поголемо за 25 %. Од друга страна, плочата веќе има раседнување кое набргу може да го отпочне процесот на негово постепено уривање.

Европскиот геонаучен сојуз вели дека целосното топење на Твејтсовиот Ледник би го покачило светското морско ниво за 65 см. Соработниот институт за научно истражување на животната средина изјавило дека уривањето на Твејтсовиот Ледник може на подолг рок да го покачи нивото за цели 3 метри ако со себе го повлече Пајнајлендовиот Ледник и другите околни ледници поради нестабилноста на морската ледена покривка.

Поврзано Твејтсов Ледник Список на ледени плочи на Антарктикот

Наводи

Категорија:Ледени плочи на Антарктикот