Брег на Џорџ V () — дел од брегот на Антарктикот кој се наоѓа меѓу ’ртовите Алден и Хадсон (од 148°2′ до 153°45′ ИГД).

Делови од овој брег се забележани на Американската истражувачка експедиција во 1840 г. Брегот е истражен од група на Австралазиската антарктичка експедиција (1911–14) под водство на Даглас Мосон, кој го нарекол по кралот Џорџ V.

Отсечокот од земја помеѓу овие меридијани се нарекува Земја на Џорџ V. Таму е сместен Мерцовиот Ледник.

Наводи

Надворешни врски Брег на Џорџ V — USGS Брег на Џорџ V — SCAR Брег на Џорџ V — Visible Earth Долгорочна временска прогноза за Брегот на Џорџ V

Џорџ V Категорија:Австралиска Антарктичка Територија