Инглишов Брег () — дел од бреговата линија на Антарктикот помеѓу северниот крај на Ридберговиот Полуостров и нунатиците Батрес, на западната страна на Палмеровата Земја. На запад се наоѓа Брајановиот Брег, а северозпадно се протега Рајмиловиот Брег источно од Александровиот Остров преку протокот Џорџ VI.
Овој брег е откриен и потоа копнено истражен во 1940 г. од Фин Роне и Карл Еклунд, а од воздух е истражуван од членови на Источната база на Антарктичката служба на САД во 1939–41 г. Првично бил наречен „Брег на Роберт Инглиш“ во чест на Роберт Игнлиш, извршен секретар на службата (1939–41) и каптеан на бродот „Беар“ на експедицијата на Ричард Берд (1933–35). Подоцна името е скратено.
Наводи
Категорија:Брегови на Антарктикот Категорија:Палмерова Земја