Ајлин Реџина „Шанаја“ Твејн ()Why Not? with Shania Twain (OWN, published May 17, 2011, on YouTube)Quote:"I never feel like Shania Twain. I'm Eilleen Twain. And Shania is part of who I am." родена на 28 август 1965 година е канадска пејачка и текстописец. Таа има продадено над 100 милиони плочи, што ја прави најпродавана жена изведувач во историјата на кантри-музиката и една од најпродаваните музички изведувачи на сите времиња. Нејзиниот успех и донел неколку титули, вклучително и „Кралица на кантри попот“. Билборд ја именувал како лидер на кантри-поп-кросовер ѕвезди од 90-тите.

Израсната во Тиминс, Онтарио, Твејн се занимавала со пеење и пишување песни од млада возраст. Нејзиниот деби студиски албум бил комерцијален неуспех по објавувањето во 1993 година. По соработката со продуцентот и подоцна сопруг Роберт Џон „Мут“ Ланге, Твејн се прославила со нејзиниот втор студиски албум, Жената во мене (анг: The Woman in Me) (1995), кој и донел широк успех. Таа продала над 20 милиони копии ширум светот, создала осум синглови, вклучувајќи го и Секој човек што е мој (анг: Any Man of Mine) и ѝ донел Греми награда. Нејзиниот трет студиски албум, Дојди (анг: Come On Over) (1997), станал најпродаваниот студиски албум во кој било жанр и најпродаваниот кантри албум на сите времиња, продаден во над 40 милиони копии ширум светот. Од него излегле дванаесет синглови, вклучувајќи ги Сè уште си вистинскиот, Од овој момент, Тоа не ме импресионира, Човеку, се чувствувам ко жена (You're Still the One, From This Moment On, That Don't Impress Me Much, Man! I feel lke a woman!) и донел на Твејн четири Греми награди. Нејзиниот четврти студиски албум, Горе! (анг: Up!) (2002), создал осум синглови продадени во над 20 милиони примероци ширум светот, а исто така се Дијамантски сертифцирани во Соединетите Држави.

Во 2004 година, по издавањето на нејзиниот албум „Најголеми хитови“, кој произвел три сингла, вклучувајќи ја и Забава за двајца (анг: Party for Two), Твејн направила пауза, откривајќи години подоцна дека дијагнозите со Лајмска болест и дисфонија довеле до сериозно ослабен глас за пеење. Таа ја опишала својата вокална рехабилитација во минисеријата „Зошто не? со Шанија Твејн„ го издала својот прв сингл по шест години во 2011 година, Денес е твој ден (анг: Today Is Your Day) и објавила автобиографија, „Од овој момент“. Твејн се вратила на настапи следната година со ексклузивен концертен престој во Колосеумот во Цезарс Палас, кој траел до 2014 година. Во 2015 година, ја започнала турнеја, која била најавена како нејзина проштална турнеја. Твејн го издала својот прв студиски албум по 15 години во 2017 година, Сега (анг: Now), а во 2018 година се впуштила во турнеја. Во 2019 година, го започнала својот втор резидентен настап во Лас Вегас, во театарот „Запос“. Нејзиниот шести студиски албум Кралица на себе (анг: Queen of Me) бил издаден во 2023 година, а истата година започнала со нова турнеја.

Твејн има добиено пет Греми награди, две Светски музички награди, 39 награди за текстописци на BMI, ѕвезди во Канадската патека на славните и Холивудската патека на славните, како и во Канадската музичка сала на славните и Нешвилската сала на текстописци. Според РИАА, таа е единствената жена-изведувач во историјата чии три (последователни) албуми сертифицирани како Дијамантски од РИАА и е седмата најпродавана жена-изведувач во Соединетите Американски Држави. Вкупно, Твејн е рангирана како 10-та најпродавана уметница од ерата на Нилсен Саунд Скен. Билборд ја навел како 13-та најголема жена-соло изведувач на музички видеа на сите времиња (42-ра вкупно). Според Билборд Боксскор, таа е жена-изведувач на кантри турнеи со најголема заработка со бруто заработка од 421,1 милиони долари од нејзините концертни турнеи.

Личен живот

Твејн се запознала со продуцентот Роберт Џон „Мат“ Ланге откако ги слушнал нејзините оригинални песни и пеење од нејзиниот деби албум и ѝ понудил да продуцира и да пишува песни со неа. Откако разговарале по телефон со месеци, тие се запознале во Нешвил во јуни 1993 година и се зближиле. Се венчале на 28 декември 1993 година, а на 12 август 2001 година го добиле синот Ејжа. На 15 мај 2008 година, било објавено дека се разделуваат откако Ланге имал афера со најдобрата пријателка на Твен, Мари-Ан Тиебо. Нивниот развод бил финализиран на 9 јуни 2010 година. На 20 декември 2010 година, беше објавено дека Твен се свршила со Фредерик Тиебо, извршен директор на швајцарската компанија „Нестле“, поранешниот сопруг на Мари-Ан. Тие се венчале на 1 јануари 2011 година во Ринкон, Порторико.

Таа е вегетаријанка и приврзаник на Сант Мат, источна духовна филозофија. Во 2010 година ја создала „Шанаја Кидс Кен“, добротворна организација дизајнирана да ги задоволи потребите на запоставените деца кои често се занемарени од програмите за социјална помош. Нејзината автобиографија, „Од овој момент натаму“, била објавена на 27 март 2011 година. Таа е долгогодишен жител на Корсо, Швајцарија, каде што е роден нејзиниот син, а поседува и имоти во Лас Вегас и на Бахамите. Кога настапува во Северна Америка, понекогаш го носи дресот на локалниот тим од Националната хокеарска лига.

Награди и почести десно|мини| Јаворовиот лист на Твејн на Канадската патека на славните Покрај разните награди за нејзините албуми, Твејн добила и голем број лични признанија:

Таа била прогласена за забавувач на годината во 1999 година и од Академијата за кантри музика и од Здружението за кантри музика; Твејн била првиот неамерикански државјанин кој ја освоил наградата. Твејн била рангирана на 7-мо место на листата на 40-те најголеми жени на кантри музиката на телевизијата „Кантри мјузик“ во 2002 година. Во 2003 година, Твејн добила јаворов лист на Канадската патека на славните. Градот Тиминс, Онтарио, преименувал улица во нејзина чест, ѝ го дал клучот од градот и го изградил Центарот Шанаја Твејн во нејзина чест. На 18 ноември 2005 година, Твејн била назначена за офицер во Редот на Канада. Твејн била примен во Канадската музичка сала на славните на доделувањето на наградите „Џуно“ на 27 март 2011 година. На 2 јуни 2011 година, Твејн добила ѕвезда на Холивудската патека на славните. На 9 декември 2016 година, Твејн ја добила третата награда „Билборд жена-икона во музиката“ за нејзиното извонредно достигнување и историски придонеси во индустријата и уметноста. Во јуни 2017 година, Твејн имала своја изложба во Салата на славните на кантри музиката. Траела во текот на 2018 година. Во 2018 година, Твејн била прогласена за втор добитник на наградата за генерација на CCMA . Во август 2022 година, Твејн ја добила наградата „Поет“ од Академијата за кантри музика, во чест на нејзиното пишување песни Во октомври 2022 година, Твејн била примена во Салата на славните текстописци на Нешвил. Во декември 2022 година, Твејн ја добила наградата „Музичка икона“ на 48-то доделување на наградите „Избор на народот“. На 2 април 2023 година, Твејн ја добила наградата КМТ за еднаква игра на доделувањето на музичките награди КМТ за 2023 година . Наградата им се доделува на пионери кои ја користат својата платформа за да ги срушат бариерите, да проговорат против неправдите и да го сменат статусот квото.

Поврзано

Музика на Канада Листа на Кантри музичари

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Статии со hCards Категорија:Добитници на Греми Категорија:Офицери на Редот на Канада Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Кантри пејачки