Тинторето (италиански: Jacopo Robusti Tintoretto; роден како Јакопо Робусти;According to historian Stefania Mason, the discovery and publication in 2004 of a "fanciful account" in a letter of 1678 to a Spanish art collector from his agent in Venice is responsible for a misconception that Jacopo's surname was Comin. "Robusti is the name that appears in his tax declarations" and other official documents. Echols 2018, pp. 39–40, 227. крај на септември или на почеток од октомври 1518 годинаBernari and de Vecchi 1970, p. 83., ), италијански сликар, еден од најистакнатите претставници од венецијанската школа и последниот голем уметник од италијанската ренесанса. Неговите современици се восхитувале и ја критикувале брзината со која сликал и на дотогаш невидената умешност во користење на сликарската четка. За неговата енергичност во сликарството го добил прекарот Il Furioso („Бесниот“). Изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз импресионистите.,Tintoretto

Живот и дело

Детство Тинторето е роден во Венеција во 1518 година. Неговиот татко, Батиста, бил бојаџија на текстил (итал: tintore); и оттаму неговиот син го добил прекарот Тинторето, „малиот бојаџија“ или „детето на бојаџијата“.Echols 2018, p. 39. Познато е дека Тинторето имал барем еден брат, по име Доменико, иако неверодостоен извор од 17 век наведува дека имал 22 браќа и сестри.Echols 2018, pp. 38–40. Се смета дека неговото семејството потекнува од Бреша, во Ломбардија, тогаш дел од Република Венеција. Други студии за потеклото на семејството водат до тосканскиот град Лука.

За детството на Тинторето се знае многу малку. Според неговите биографи Карло Ридолфи (1642) и Марко Бошини (1660), Тинторето формално се подучувал само во студиото на Тицијан, кој налутено го отпуштил по само неколку дена - поради љубомора затоа што бил многу перспективен ученик (според Ридолфи) или поради лична нетрпеливост (според Бошини).Echols 2018, p. 85. Оттогаш, меѓу нив имало несрдечен однос, и покрај континуираното восхитување на Тинторето кон Тицијан. Тицијан, од своја страна, отворено го омаловажувал Тинторето и неговите приврзаници.Echols 2018, pp. 18, 85.

Неговите биографи пишуваат дека живеел многу скромно. Неговиот секојдневен живот воопшто не наликувал на бучниот и раскошен живот на неговиот постар современик Тицијан или на неговиот пријател Веронезе. Заедно со своето семејство, зел скромен стан во Венеција, кој самиот го насликал.

Први дела лево|мини|Опсада на Азола (1544–45), Национален музеј, Познањ мини|Автопортрет како млад човек, Тинторето често бил во друштво на младиот сликар Андреа Скијавоне, кој бил четири години помлад од него. Тинторето бесплатно му помагал со фрескосликарство, а најчесто работел без да добие надомест.Nichols, Tom. Tintoretto. Tradition and Identity. Reaktion Books, 1999, pp. 103 and 241ff. Првите две мурални слики на Тинторето - направени, како и другите, речиси без надомест - се смета дека се Валтазаровата гозба и Борба на коњици. И двете слики исчезнале, како и сите негови фрески. Првото негово дело кое привлекло поголемо внимание бил групен портрет на кој Тинторето е насликан со неговиот брат кој свири на гитара; и ова дело е изгубено. Потоа нацртал слика со историска тематика, која Тицијан искрено ја пофалил.

Наводи

Категорија:Италијански сликари Категорија:Родени во 1518 година Категорија:Починати во 1594 година Категорија:Римокатолички сликари Категорија:Римокатолички христијани од Италија Категорија:Сликари од Венеција