„Наш пат“ — комунистичко списание издавано во 1944 година од комунистички затвореници во затворот во Битола, заземена од Царството Бугарија.

Иницијатот за објавување на „Наш пат“ бил Затворскиот комитет на Комунистичката партија на Македонија во состав Мишко Божиновски, Јорго Ристевски, Димитраки Теговски и Драги Тозија. Издадени се три броја во ракопис со печатни букви. Во воведниот напис од првиот број се наведува дека ќе содржи материјал за политички, научни, културни, образовни и други прашања.

Наводи

Категорија:Македонски весници Категорија:Појавено во 1944 година во Македонија