Регионот Антофагаста () е еден од шеснаесетте административни единици од прв ред во Чиле. Тој е втор најголем по површина регион во Чиле, и во негов состав влегуваат три провинции: Антофагаста, Ел Лоа и Токопила. На север се граничи со Тарапака, на југ со Атакама и на исток со Боливија и Аргентина. Главен град на регионот е пристанишниот град Антофагаста; друг важен град во регионот е Калама. Најважна економска дејност во регионот е ископувањето на бакар.
Климата во Антофагаста е екстремно сушна, но е малку поблага во близина на брегот. Низ целиот регион речиси нема вегетација, освен во близина на реката Лоа и во оазите како Сан Педро де Атакама. Поголемиот дел од внатрешноста на регионот е покриен со солени низини, текови на тефра и на лава, а покрај брегот има шилести карпи.
Овој регион бил ретко населен од домородните народи Чанго и Атакамењос сè до масовната чилеанска имиграција поврзан со бумот на шалитра во доцниот 19 век. Поголемиот дел од регионот бил организиран како единствена крајбрежна територија на Боливија додека Чиле не го презел во 1879 година на почетокот на Војната за Тихиот Океан.
Географија врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1e/Antofagasta bord galleryfull.jpg/300px-Antofagasta bord galleryfull.jpg|десно|мини|300x300пкс| Градот Антофагаста. Најголема река е Лоа.
Долж Крајбрежните Кордиљери се наоѓа Раседот Атакама. Областа на Крајбрежните Кордиљери околу раседот е богата со железна руда и го претставува северниот дел од таканаречениот Чилеански Железен Појас.
Клима врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/29/A Visible and Infrared Survey Telescope for Astronomy Before Sunset.jpg/400px-A Visible and Infrared Survey Telescope for Astronomy Before Sunset.jpg|десно|мини|400x400пкс| Пустината Атакама пред зајдисонце. Просечните врнежи во Антофагаста изнесуваат само 1 мм годишно. Од брегот, источно од Чилеанскиот Крајбрежен Венец, се наоѓа јужно-централниот дел од пустината Атакама, најсувата пустина во светот. Источно од пустината, се наоѓа помалку сушниот пуна екорегион на Централните Анди. Околината на напуштениот град Јунгај е прогласена за најсуво место во светот.
Демографија врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9b/Panorámica Puerto-Angamos Mejillones.jpg/500px-Panorámica Puerto-Angamos Mejillones.jpg|десно|мини|500x500пкс| Поглед кон пристаништето Ангамос, навечер. Поголемиот дел од населението живее на брегот во Антофагаста и Мехилонес, или во Калама во внатрешноста, центар на рударската индустрија.
Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, пристигнале доселеници од Европа (претежно Хрвати, Италијанци, Шпанци, Грци, англиски, француски и португалски народи), од Левант и во помал број од Кина, Јапонија, Кореја, Перу и Боливија. Овие доселеници ја создале модерната култура на северот на Чиле, која содржи примеси на андски и мултиевропски одлики и е многу поразлична од традиционалната чилеанска култура.
Економија врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/64/Chuqui001 02.jpg/250px-Chuqui001 02.jpg|десно|мини|250x250пкс| Рударството е главниот економски двигател на регионот. Регионот Антофагаста е срцето на рударската индустрија, главниот извор на приходи од извоз на Чиле. Регионот придонесува со 53% од вкупното рудно ископување во Чиле, најмногу на бакар и по него следат: калиум нитрат, злато, јод и литиум. Рударската индустрија учествува со преку 90% од извозот на регионот.
Риболовот исто така придонесува кон приходот на регионот.
Поврзано
Граничен спор во Атакама Војна за Тихиот Океан
Наводи
Надворешни врски
Gobierno Regional de Antofagasta Официјална веб-страница Туристички атракции во Антофагаста capelight.com
Категорија:Региони во Чиле Категорија:Антофагаста (регион) Категорија:Координати на Википодатоците