Наполеоновиот план за напад на Обединетото Кралство на почетокот од Војната на Третата коалиција, иако не бил реализиран, имал големо влијание врз британската поморска стратегија и врз утврдувањето на брегот од југоисточна Англија. Француските обиди да ја нападне Ирска за да го дестабилизира Обединетото Кралство или како отскочна даска за нападот на Велика Британија се реализирале во 1796 година. Првата француска Англиска армија се сконцентрирала на брегот на Ла Манш во 1798 година, но нападот на Англија бил запоставен поради тоа што Наполеон се сконцентрирал на кампањите во Египет и против Австрија. Нападот на Обединетото Кралство бил отповикан во 1802 година по потпишувањето на Амјенскиот договор. Идејата за напад станала повторно актуелна веднаш по избувнувањето на војната во 1803 година, а конечно била отфрлена во 1805 година, пред Битката кај Трафалгар. врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f2/Inspecting the Troops at Boulogne, 15 August 1804.png/220px-Inspecting the Troops at Boulogne, 15 August 1804.png|мини| Увид на трупите во Булоњ, 15 август 1804 година

Поврзано

Француската интервенција за време на ирското востание од 1798 година Операција Морски лав, планираната инвазија на Хитлер на Англија за време на Втората светска војна

Надворешни врски

Инвазија на Британија - Националниот поморски музеј Предмети поврзани со инвазијата во збирките на НММ Карикатура и пропаганда против Наполеон во Англија 1798–1803 Ставовите на Наполеон за инвазијата на Британија

Категорија:Битки во Војната на Третата коалиција Категорија:Војна на Третата коалиција Категорија:Судири во 19 век Категорија:Инвазии од Франција Категорија:Откажани инвазии