Бернулиева распределба во теоријата на веројатноста и статистиката — прекинатата веројатносна распределба на една случајна променлива која ја има вредноста 1 со веројатност и вредноста 0 со веројатност . Понеформално, таа е модел за множество можни исходи од секој можен опит опит кој поставува прашање „да–не“. Ваквите прашања водат до исходи со една од две вредности: „успех“ (1) со веројатност p и „неуспех“ (0) со веројатност q. Со оваа распределба може да се претстави фрлање паричка каде 1 и 0 би биле „глава“ и „писмо“, а p би била веројатноста да се падне глава (или обратно, каде 1 е писмо, а p ќе биде веројатноста за писмо). Нечесните парички би имале

Наречена е по швајцараскиот математичар Јакоб БернулиJames Victor Uspensky: Introduction to Mathematical Probability, McGraw-Hill, New York 1937, стр. 45 и претставува посебен случај на биномната распределба со еден спроведен опит (така што n би бил 1 за таква биномна распределба). Воедно таа претставува посебен случај на двоточкестата распределба, чии можни исходи не мора да бидат 0 и 1.

Својства

Ако е случајна променлива со оваа распределба, тогаш:

Веројатносната фунција на оваа распределба низ можните исходи k е

Ова може да се изрази и како

или како

Бернулиевата распределба е посебен случај на биномната распределба со

Зашиленоста оди до бесконечност за високи и ниски вредности на но за двоточкестите распределби (вкл. Бернулиевата) имаат помалку вишок зашиленост отколку било која друга веројатносна распределба, имено −2.

Бернулиевите распределби за сочинуваат експоненцијално семејство.

Процената на максимална веројатност на според случаен примерок е примерочната средина.

Средина Очекуваната вредност на една Бернулиева случајна променлива е

Ова се должи на тоа што, за Бернулиево распределена случајна променлива со и имаме

Веријанса Варијансата на Бернулиево распределен е

Прво имаме

Од ова следи

Од овој резултат лесно е да се докаже дека, за секоја Бернулиева распределба, нејзината варијанса ќе има вредност во рамките на .

Накосеност Накосеноста (коефициентот на асиметрија) е . Кога ја ќе земеме стандардизираната Бернулиево распределена случајна променлива излегува дека оваа случајна променлива добива со веројатност и добива со веројатност . Така добиваме

Виши моменти и кумуланти Сите сирови моменти се еднакви поради тоа што и .

Централниот момент со степен се добива со

Првите шест централни моменти се

Вишите централни моменти може да се изразат покомпактно како и

Првите шест кумуланти се

Поврзани распределби Ако се независни еднакво распределени случајни променливи, сите Бернулиеви опити со веројатност за успех p, тогаш нивното множество е распределено според биномна распределба со параметри n и p: (биномна распределба).

Бернулиевата распределба едноставно е , и се запишува и како

Категоричната распределба е воопштувањето на Бернулиевата распределба за променливи со било кој постојан број на прекинати вредности. Бета-распределбата е сврзувачкиот претходник of Бернулиевата распределба. Геометриската распределба го моделира бројот на независни и еднакви Бернулиеви опити потребни за да се добие еден успех. Ако , тогаш има Радемахерова распределба.

Поврзано Бернулиев опит Бернулиев процес

Наводи

Надворешни врски

.

Интерактивна графика за односите на еднопроменливата распределба.

Категорија:Прекинати распределби