Прва дама на Словенија (словенечки јазик:Prva dama Slovenije) — титулата што ѝ се доделува на сопругата или партнерката на претседателот на Словенија. Сегашна прва дама на земјата е Тања Печар, партнерката на претседателот Борут Пахор. Досега немало Прв господин на Словенија.

Придобивки Според законот, сопружниците или партнерите на претседателот на Словенија, познати како прва дама или прв господин, имаат еднакви права и обврски во рамките на позицијата, без разлика дали се во брак со претседателот или не. Оваа еднаквост била кодифицирана со амандман на Законот за брак и семејни односи, кој предвидува дека бракот и заедничкиот живот да се сметаат за еднакви од владата.

Сопружникот или партнерот на претседателот на Словенија има право на платено отсуство од работа за службени функции и други одговорности. Првата дама (или првиот господин) добива службен месечен надоместок од 15 проценти од платата на претседателот, (еднакво на околу 890,73 евра во 2017 година), од владата за покривање на трошоците за овие обврски.

Првата дама, исто така, може да избере да го напушти своето работно место за време на траењето на претседателскиот мандат. Во овој случај, таа има право на службен месечен надоместок од 20 проценти од платата на претседателот.

Во јануари 2013 година, првата дама Тања Печар, партнерка на претседателот Борут Пахор, објавила дека ќе се откаже од финансиските привилегии како прва дама и ќе се воздржи од примање месечен надоместок.Наместо тоа, Печар избрала да остане активен адвокат за време на нејзиниот мандат, додека сè уште ги извршува протоколите и опшстествените обврски што се бараат од првата дама.

Список на први дами Име Портрет Почеток на мандат Крај на мандат Претседател на Словенија Забелешки Штефка Кучан127x127пкс 23 декември 1991 година 22 декември 2002 година Милан Кучан Почетна прва дама на независна Словенија. Празна функција 22 декември 2002 година 23 декември 2007 година Јанез Дрновшек Претседателот Јанез Дрновшек и неговата поранешна сопруга Мајда Дрновшек се развеле во текот на 1980-тите. За време на неговиот претседателски мандат немало прва дама. Барбара Миклич Тирк127x127пкс 23 декември 2007 година 22 декември 2012 година Данило Тирк Тања Печар118x118пкс 22 декември 2012 година Борут Пахор Тековната прва дама, Печар, по професија правник, е партнерка на претседателот Пахор.

Наводи

Категорија:Први дами на Словенија Категорија:Списоци на сопружници на државни водачи Категорија:Словенкињи во политиката