Фестивал Љубљана ― фестивал и културно организациско тело (завод) основано во 2004 година од градот Љубљана. Се занимава со организација на културни настани во градот, вклучувајќи го и истоимениот летен фестивал, кој е одржуван од 1953 година
Член е на Европското здружение на фестивали (ЕЗФ/ЕФА) и на Меѓународното здружение за визуелни уметности (МЗВУ/ИСПА).
Раководство Негов директор и уметнички директор е Дарко Брлек, кој како уметнички директор го води фестивалот од 1993 година, а во 1995 година, а оваа положба ја дополнил и со директорска функција (петгодишен мандат 22.12.2019 – 21.12.2024 година). Органи на установата се Совет: (претседател Јадранка Дакиќ, потпретседател Антон Цоларич, Францка Тробец, Изток Кордиш и Шпела Дракслер - сите со четиригодишен мандат: 23.03.2017 – 22.03.2021 година) и Стручен совет: (претседател Томо Вран, потпретседател Андреј Божич и Весна Овчак - сите со четиригодишен мандат: 19.07.2017 – 18.07.2021 година).CERJAK, Sanja, 2016, Primerjava : Ljubljanski poletni festival in Rock Otočec [na spletu]. Univerza v Ljubljani, Fakulteta za družbene vede . [Пристапено на 15 октомври 2022].
Шпела Дракслер била избрана од вработените на ФЉ. Том Врана е именуван од Комората за култура на Словенија, Андреј Драпала е именуван од Стопанската комора на Словенија, а Весна Овчак од редот на вработените во ФЉ.Strateški načrt javnega zavoda Festival Ljubljana za obdobje 2021-2025. Љубљана, јануари 2021. ljubljana.si. Пристапено на 15 октомври 2022
Финансирање Во 2019 година буџетот на фестивалот бил 3,2 милиони евра. Помеѓу 2016 и 2020 година приходите од грантови и субвенции биле околу 2 или 3 милиони евра, а приходите од услуги околу милион евра.
Главен извор на јавни средства е Општина Љубљана. Најголем спонзор меѓу јавните претпријатија во Љубљана е Водовод-канализација.
Цена на билетите Билетите за летниот фестивал се сметаат за скапи. Директорот Драго Брлек рекол дека се уште имаат гости кои трошат стотици или илјадници евра за билети.
Настани и активности Фестивал Љубљана
Фестивалот бил основан од Туристичкото друштво Љубљана. Прв пат бил одржан на 4 јули 1953 година. Во ноември 1954 година било основано финансиски независното тело (завод) - Фестивал Љубљана. Во 1962 година бил создаден фестивалскиот огранок. Фран Ватовец бил првиот претседател на фестивалската комисија од 1955 година. Прв директор на заводот бил Радован Гобец од 1956 година
Денови на словенечката музика
Фестивалот Љубљана ја презел организацијата на словенечките музички денови во 1986 година на иницијатива на композиторот Милан Стибиљ и музикологот Примож Курет.
Циклус млади виртуози
Воведен по доаѓањето на Брлек во 1993 година.
Зимски фестивал
Се одржува од 2017 година во зимските месеци.
Божиќен концертен циклус
Настапи на ученици од музичките училишта.
Магистерски часови
За странски и домашни студенти со почеток во 2019 година. Уметнички директор е тромбонистот Бранимир Слокар.
Награди
Градоначалничка награда - 1985 година Медал на честа за слободата - 2002 година
Наводи
Надворешни врски Службена мрежна страница Профил на страницата на Европското здружение на фестивали
Категорија:Појавено во 1953 година во Словенија Категорија:Културни настани во Љубљана Категорија:Фестивали во Словенија Категорија:Средиштен Четврт (Љубљана) Категорија:Музички фестивали појавени во 1953 година Категорија:Летни настани во Словенија Категорија:Никулци за Словенија Категорија:Никулци за фестивали