врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/82/Placa_conmemorativa_2014-09-11_%286%29.jpg/220px-Placa_conmemorativa_2014-09-11_%286%29.jpg|мини| Спомен плоча во Колумбија посветена на Теодоро Ласкарис. Теодоро Ласкарис-Комнено (27 октомври 1921 – 20 септември 2006 година), или само Теодоро Ласкарис, ― шпански професор по филозофија и најстар син на Еухенио Ласкарис, шпански адвокат кој фалсификувал роднински врски со средновековното семејство Ласкарис, кое владеело со Никејската Империја од 1204 до 1261 година. По смртта на Евхенио во 1962 година, Теодоро продолжил со претензиите на неговиот татко, тврдејќи дека е титуларен император на Константинопол како Теодор IX Ласкарис Комнин (Theodore IX Lascaris Comnenus), како и Голем мајстор на Константинскиот ред на Свети Ѓорѓи. стр. 30. стр. 135.
Ласкарис и неколку негови браќа и сестри ја напуштиле Шпанија по смртта на нивниот татко поради бројните контроверзии во кои се вплеткало семејството. стр. 17. Придружуван од неговите браќа Еухенио и Константино, стр. 30. стр. 261. Ласкарис се преселил преку Атлантикот и работел како учител во Латинска Америка, предавајќи на универзитетите во Костарика, Венецуела и Колумбија. Иако ја задржал легитимноста на тврдењата на неговиот татко и неговите сопствени, Теодоро бил повеќе заинтересиран за истражување на правото, историјата и филозофијата и одржување на редовите на Константин Велики и Света Елена (измислен ред) отколку што бил заинтересиран за измисленото тврдење до престолот на Кралството Грција или Константинопол.
Откако неколку години предавал во Колумбија, Ласкарис се преселил во Венецуела, каде што станал професор по филозофија на Универзитетот Карабобо. стр. 261. Ласкарис ја пропагирал идејата дека Америка ја претставува „Новиот Византион“ и „Четвртиот Рим“; каде што ќе продолжат да опстојуваат христијанската вера, западната мисла и грчката цивилизација. стр. 135. По смртта на Теодоро во 2006 година, неговиот син Еухенио (роден на 10 октомври 1975 година) го зел кралското име Евгениј III Теодор Емануел Ласкарис Комнин (Eugene III Theodore Emmanuel Lascaris Comnenus), одржувајќи ги претензиите на неговото семејство.'''
Поврзано
Претензии за наследување на Римската Империја
Наводи
Категорија:Починати во 2006 година Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Шпански иселеници во Колумбија Категорија:Иселеници во Костарика Категорија:Шпански иселеници во Венецуела Категорија:Измамнички претенденти Категорија:Претенденти за римскиот престол после 1453 година