Ивана Ѓорѓиевска (родена на 25 ноември 1973 година во Куманово) ― македонски политичар и тековен претседател на Советот на Општина Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.
Кариера Таа била заменик-директорка во ООУ „Кочо Рацин“ и не била дел од политичката сцена сè до локалните избори во 2021 година кога се кандидирала како носител на независниот список кандидати на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски.
Со мнозинство гласови, таа била избрана за претседател на Советот на Општина Куманово на уставотворната седница на 23 ноември 2021 година.
Има дипломирано општа и компаративна книжевност во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Наводи
Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Политичари од Куманово Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Општина Куманово