Октан — јаглеводород и алкан so хемиската формула и згусната структурна формула . Има многу структурни изомери кои се разликуваат по мерата и местото на разгранување на јаглеродната верига. Еден од овие изомери, 2,2,4-триметилпентан (наречен изооктан) се користи како една од стандардните вредности во октанскиот број.

Ова соединение е состојка на бензинот. Како и сите јаглеводороди со мала молекулска маса, октанот е испарлив и многу запалив.

Во бензинот Зборот „октан“ се користи за октански број, кој е показател за способноста на горивото да го сузбие тропањето кај моторите со разни соодноси на набивање, што е својствено за разгранетите ланчени изомери на октанот, особено за изооктанот. Октанскиот број на бензинот не е непосредно поврзан со моќноста на моторот. Употребата на повисокооктанско гориво отколку предвиденото за моторот не ја зголемува неговата моќ.

Октанскиот број првично е утврден со мешање на горива само од нормален хептан и изооктан (2,2,4-триметилпентан, високоразгранет октан) и давање на противтропачки оцени од нула за нормален хетптан до 100 за чист изооктан. Противтропачката способност е зависна од уделот на изооктан во смесата. Различните изомери на октанот даваат помал или поголем октански број. На пример, n-октан (правиот ланец со 8 јаглеродни атоми без разгранетост) има негативна оценка од -20, а чистиот изооктан се оценува со 100. Некои горива имаат октански број поголем од 100, особено тие што содржат метанол или етанол.

Изомери Октанот има 18 структурни изомери (24 броејќи ги стереоизомерите): октан (n-октан) 2-метилхептан 3-метилхептан (2 енантиомера) 4-метилхептан 3-етилхексан 2,2-диметилхексан 2,3-диметилхексан (2 енантиомера) 2,4-диметилхексан (2 енантиомера) 2,5-диметилхексан 3,3-диметилхексан 3,4-диметилхексан (2 енантиомера + 1 мезосоединение) 3-етил-2-метиплентан 3-етил-3-метиплентан 2,2,3-триметилпентан (2 енантиомер) 2,2,4-триметилпентан (изооктан) 2,3,3-триметилпентан 2,3,4-триметилпентан 2,2,3,3-тетраметилбутан

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Алкани Категорија:Јаглеводороди