Габриела Величковска (родена на 23 септември, 1994 година во Штип) ― македонска ракометарка и поранешна македонска репрезентативка во ракомет. Величковска игра на бековската позиција.
Кариера Кариерата ја започнува во ЖРК Металург и долги години играше за овој клуб, по што премина во Пелистер.
Во својата богата ракометна кариера Величковска настапуваше за екипите на Ла Пужен и Кот Баске во Франција.
Моментално настапува во македонската Суперлига во дресот на Женскиот рекометен клуб Куманово.
Наводи
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Македонски ракометарки Категорија:Ракометари од Штип