Синагоги во Битола - Во XIX век според патеписците бројот на битолските Евреи е даден доста различно. Така, се споменуваат 1400, 2000, 4000, 5000 жители. Во почетокот на XX век бројноста е различна и таа варира од 5500, 6000, 7000, 8200, 14000. За ваквите различни податоци влијаеле најмногу миграциите - населувањата и отселувањата кои обично биле масовни. Со прирастот на еврејско во Битола, биле подигнати бројни синагоги, покрај постарите познати:

Синагога - Ил Кал де Озер Далим, Битола Синагога - Ил де ла Хавра Кадиша, Битола Синагога - Ил Кал де Хам (хахам), Битола Синагога - Јихцан Леви, Битола Синагога - Ил Кал де Саломон Леви, Битола Синагога - Ил Кал Јахнел Леви, Битола Храм за младите во зградата на училиштето Храм во населбата Лос Куртижос

Синагогите , големи или мали, биле складишта на стари верски книги. Добар дел од книгите особено во двете постари синагоги биле пишувани на пергамент и на стареврејски (хебрејски) јазик. Еврејските огништа во Битола.

Наводи

Категорија:Синагоги во Битола