Грбот на Општина Куманово ― грб, кој е всушност амблем, на Општина Куманово. Милош Костадинов во 1970 година напишал статија за општинската хералдика и дошол до заклучок дека само седум општини во Социјалистичка Република Македонија користеле грб,Macedonian Herald, Issue 6, p.4 "Heraldika"; retrieved 28 January 2017 од кои едната била Општина Куманово. Грбот бил сменет од осамостојувањето на Македонија од поранешна Југославија.

Во 2012 година Јован Јоновски од Македонскоto хералдичко здружение го опишал сегашниот грб и како „нехералдички“ и „квазихералдички“.Macedonian Herald, Issue 6, p.9 & p.31 "Heraldika"; retrieved 28 January 2017 Кумановскиот грб е поставен на таканаречениот шпански штит.Macedonian Herald, Issue 8, p.7 "Heraldika"; Посетено на 29 октомври 2022. На штитот е прикажана градба (Занаетчискиот дом), статуа на жена од Спомен костурницата Македонка, жолто сонце, 1519 година (кога името Куманово било најдено во османлиски документ), името на градот со кирилско писмо. а на дното еден жолт лист од тутун, сето тоа на црвена позадина. врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/af/Kumanovo COA 11.11.1968.png/200px-Kumanovo COA 11.11.1968.png|мини|225x225пкс| Грб на Општина Куманово од 11 ноември 1968 година.

Наводи

Категорија:Општина Куманово Категорија:Грбови со градби Куманово