Олга Милосавлева (Тетово, - Скопје, ) — македонска балерина, кореограф и педагог.

Животопис Милосавлева била родена во Тетово на 14 септември 1935 година. Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова. Ѝ припаѓа на првата балетска генерација во Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко обликување на улогата. Со кореографија почнала да се занимава од 1958 година. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален и современ израз. Улоги Гитана (М. Равел, „Болеро“), Канделас (М. Равел, „Љубовта волшебница“), Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“) и др. Кореографии „Лабин и Дојрана“ (Т.Прокопиев), „Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица), „Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др.

Наводи

Категорија:Македонски балерини Категорија:Македонски кореографи Категорија:Македонски педагози Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Починати во Скопје