Долина на Марна (француски: Val-de-Marne; Вал-де-Марн) ― департман во Франција, сместен во регионот Ил-де-Франс. Именуван по реката Марна, се наоѓа во метрополата Голем Париз југоисточно од градот Париз. Во 2019 година, Долина на Марна имала население од 1,407,124 жители.Populations légales 2019: 94 Val-de-Marne, INSEE
Нејзиниот број на Националниот институт за статистика и економски студии, и поштенски број е 94.
Географија Вал-де-Марн е, заедно со Сена-Сен-Дени и Сенски Висови, еден од трите мали департмани во Ил-де-Франс кои образуваат прстен околу Париз, познат како Внатрешен круг (Petite Couronne). Од 1 јануари 2016 година, Вал-де-Марн bila вклучен во Метрополата Голем Париз.
Податотека:Petite_couronne.png
Поважни гратчиња Најнаселена комуна е Витри на Сена ; префектурата Кретеј е втора најнаселена. Од 2019 година, има 5 комуни со повеќе од 60.000 жители: Комуна Население (2019) Витри на Сена 95.510 Кретеј 93.246 Шампињи на Марна 76.990 Сен Мор-де-Фосес 74.976 Иври на Сена 63.748
Администрација Вал-де-Марн е составен од 3 окрузи и 47 комуни:
300x300пкс
ОкругЛај-ле-Роз
ОкругКретеј
ОкругНоже на Марна
Историја Вал-де-Марн била создадена во јануари 1968 година, преку спроведување на закон донесен во јули 1964 година. Со положба југоисточно од париската обиколница (и линијата на старите градски ѕидини), таа била создадена од јужно-источниот дел на (претходно многу поголем) департман Сена, заедно со мал дел земен од отцепениот департман Сена и Уаз.
Демографија Развој на населението од 1881 година:
Туризам
Поврзано
Комуни во Департман Долина на Марна Црква „Св. Кирик и Јулита“ - Вилжиф
Наводи
Надворешни врски
Префектура Департмански совет Граѓански блог
Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Департмани во Ил де Франс Категорија:Долина на Марна Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Појавено во 1968 година во Франција