Средноевропски универзитет (англиски: Central European University; унгарски: Közép-európai Egyetem) е приватен универзитет сместен во Будимпешта, Унгарија. Основан е во 1991 година со финансиска помош на Џорџ Сорос со наведена цел за развој на отворено општество и демократија во земјите од Средна и Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз.
Истражувачката работа и обуката на студентите се изведуваат на англиски јазик на 12 факултети, во ЦЕУ Бизнис Училиште, основано во 1998 година и автономно од универзитетот, како и во Хуманитарниот центар, Центарот за административна политика, Архивата на отвореното општество.
ЦЕУ е меѓународен универзитет на кој студираат повеќе од 1.500 студенти од сто земји. Повеќето студенти добиваат стипендија за целиот курс на нивните студии, бидејќи ЦЕУ располага со фонд од 400 милиони евра, гарантирани од основачот на универзитетот, Џорџ Сорос. Професорите кои предаваат на ЦЕУ се од 30 земји.
Наводи
Категорија:Будимпешта Категорија:Универзитети во Унгарија Категорија:Џорџ Сорос