„Отпишаните“ (српски: Парче плавог неба) – југословенски филм од 1961 година, во режија на Тома Јањиќ. Главните улоги ги толкуваат: Рахела Ферари, Павле Вуисиќ, Оливера Марковиќ, Милан Срдоч, Петре Прличко итн.РТС, Парче плавог неба (пристапено на 3.111.2022)
Синопсис Едно парче од синото небо — тоа е сè што можат да видат жителите на една зграда во која живеат луѓе кои се радуваат, се караат и непотребно си го загорчуваат животот. Чеда (го игра Вуисиќ), кој ноќе ги мие улиците, пие за да ги заборави грижите, но сепак ги сака жената и децата кои страдаат поради неговиот алкохолизам. Нивниот потстанар, Бора, одгледува диви гулаби кои пак му пречат на брачниот пар Кнез (ги играат Ферари и Срдоч), а госпоѓата Кнез е полна со комплекси поради неостварените желби. Тука живеат и симпатичниот старец Филип (го игра Прличко), кој се грижи за децата и ги храни гулабите на Бора, како и малиот Миша (го игра Миладиновиќ), парализирано дете кое од балконот учествува во секоја детска игра. Понатаму жувее Жужа, жена со сомнително занимање, која ја издава собата и бара маж. Тука е и сликарот (го игра Курузовиќ) со својата жена Мица (ја игра Бељакова), а наспроти нив е студентката Љиља (ја игра Палинка) која често се сонча во бикини и така ги збунува сликарот и останатите соседи. Најпосле, тука се и другите жители: милиционерот (Перковиќ), судијата за прекршоци и другите. Филмот е приказна за човечкиот оптимизам...
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови на Тома Јањиќ Категорија:Филмови со Рахела Ферари Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Оливера Марковиќ Категорија:Филмови со Петре Прличко Категорија:Филмови со Борис Краљ Категорија:Филмови со Милан Срдоч Категорија:Филмови со Нада Шкрињар Категорија:Филмови со Васа Пантелиќ Категорија:Филмови со Татјана Бељакова Категорија:Филмови со Томо Курузовиќ Категорија:Филмови со Бранислав Миладиновиќ Категорија:Филмови со Аленка Ранчиќ Категорија:Филмови со Олга Палинка Категорија:Филмови со Гордана Сибинкиц Категорија:Филмови со Раде Перковиќ