Азиски ориз (научно: Oryza sativa) ― вид на ориз. Тој е вид на одгледуван ориз чии сорти се најзастапени на светско ниво, а првпат бил припитомен во сливот на реката Јангцекјанг во Стара Кина пред 13.500 до 8.200 години.
Oryza sativa припаѓа на родот ориз (Oryza) од семејството треви. Со геном кој се состои од 430Mbp со 12 хромозоми, тој е познат по тоа што е лесен за генетски модифицирање и е моделен организам за ботаника на житни култури.
Класификација Oryza sativa содржи два главни подвидови: леплива, краткозрнеста сорта japonica или sinica (јапонски/кинески ориз) и нелеплива, долгозрнеста сорта ориз (индиски ориз). Јапонскиот подвид бил припитомен во долината на Јангцекјанг пред 9-6.000 години, и нејзините сорти може да се одгледуваат на суви полиња (се одгледува главно потопени во Јапонија), во умерена Источна Азија, висорамни области на Југоисточна Азија и високи надморски височини во Јужна Азија, додека индискиот подвид бил припитомена околу Ганг пред 8.500-4.500 години, и нејзините сорти се главно низински ориз, одгледувани главно потопени низ тропска Азија. Оризот се појавува во различни бои, вклучувајќи бел, кафеав, црн, виолетов и црвен ориз.Oka (1988) Црниот ориз (исто така познат како виолетов ориз) е низа видови ориз, од кои некои се леплив ориз. Сорти вклучуваат индонезиски црн ориз и тајландски јасминов црн ориз.
Трет подвид, кој е широкозрнест и напредува во тропски услови, бил идентификуван врз основа на морфологијата и првично бил наречен javanica (јавански ориз), но сега е познат како tropical japonica (тропски јапонски ориз). Примери за оваа сорта се сортите со среднозрнестите тинавон и уној, кои се одгледуваат во оризовите тераси на високо надморска височина на Кордиљерите во северниот дел на Лусон, Филипини.CECAP, PhilRice and IIRR. 2000.
Глазман (1987) користел изозими за да ја подреди O. sativa во шест групи: japonica, aromatic, indica, aus, rayada и ashina.
Гарис и сор. (2004) користеле едноставни повторувања на секвенци за да го подредат O. sativa во пет групи: уремерениот јапонски, тропскиот јапонски, и ароматскиот ориз се дел од јапонските сорти, додека индискиот и аус се дел од индиските сорти.
Номенклатура и таксономија Оризот се одгледува уште од античко време и поимот oryza е класичен латински збор за ориз додека sativa значи „одгледан“.
Одгледување Тројна интрогресија на гените за отпорност против Magnaporthe grisea - и вистинската отпорност на теренот - е докажана од Кан и сор., 2018 година. Ова е повратно вкрстување на Pi1, Pi54 и Pita со помош на маркери во ароматична сорта користејќи SSR- и STS-маркери.
Галерија
Поврзано
Црн ориз Домашни растенија и животни од Австронезија Меѓународен кодекс на номенклатура за култивирани растенија Јапонски ориз Маратели - сорта ориз Африкански ориз Следливост на генетски модифицирани организми
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Ориз Категорија:Флора на Кина Категорија:Статии со извадоци Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Земјоделски култури со потекло од Азија Категорија:Ориз (род)