мини|Дрвена писка Писка или усник — дел од дрвените дувачки инструменти на кој се потпираат усните на свирачот. Некои инструменти како флејтата имаат само дупка (влезен отвор) низ кој свирачот дува воздух. Ова резултира со треперење на воздушните столбови во внатрешноста на инструментот. Други дрвени инструменти имаат усници (писки) со јазиче од трска - т.н. прости трски кај бас-саксофонот и кларинетот и двојни трски кај обоата и фаготот. При дување во овие инструменти, јазичето трепери и на тој начин се создаваат звучни воздушни столбови.Ардли Нил. 2005. Енциклопедија свезнање: „Музика“. Књига-комерц: Београд. 86-7712-126-9
Усник се јавува и кај лимените дувачки инструменти.
Поврзано Писка (лимени дувачки инструменти)
Наводи
Категорија:Музички поими