мини|314x314пкс| Страна со Христов монограм од Евангелието по Матеј во Линдисфарнските евангелија Англосаксонците — културна група која ја населувала Англија во раниот среден век. Потекнуваат од доселениците кои дошле во Британија од континентална Европа во 5 век. Сепак, етногенезата на англосаксонците се одвивала во Британија. Англосаксонскиот идентитет произлегол од меѓусебната интеракција на дојдените германски племиња, но и од интеракцијата со домородните Британци. Многу домородци со текот на времето ја прифатиле англосаксонската култура и јазик и биле асимилирани.
Историја мини|лево|Јужниот дел на Велика Британија во 600 година после населувањето на Англо-Саксонците, при што биле формирани повеќе мали кралства. Историски, англосаксонскиот период го опфаќа периодот во Британија од околу 450 до 1066 година, односно од нивното населување на островот до Норманското освојување.Higham, Nicholas J., and Martin J. Ryan. The Anglo-Saxon World. Yale University Press, 2013. Во раниот англосаксонски период била создадена англиска етничка група, со многу аспекти кои опстоиле до денес. Во овој период Англосаксонците го примиле христијанството и имало процут во литературата и јазикот. Биле носени повелби и закони.Higham, Nicholas J., and Martin J. Ryan. The Anglo-Saxon World. Yale University Press, 2013. p. 7 Терминот англосаксонски јазик се користи за јазикот кој го зборувале и пишувале Англосаксонците во Англија и југоисточна Шкотска од средината на 5-от век до средината на 12-от век. Меѓутоа, овој јазик во науката најчесто се нарекува староанглиски.Richard M. Hogg, ed. The Cambridge History of the English Language: Vol 1: the Beginnings to 1066 (1992)
Историјата на англосаксонците е историја на нивниот културен идентитет. Идентитетот се развил од разнородни групи и се поврзува со прифаќање на христијанство од луѓето, и бил мошне значаен за основањето на многу кралства. Загрозени од долготрајните инвазии од дански Викинзи и воената окупација на источна Англија, овој идентитет бил повторно воспоставен и доминирал сè до Норманското освојување.Higham, Nicholas J., and Martin J. Ryan. The Anglo-Saxon World. Yale University Press, 2013. pp. 7–19 Англосаксонското материјално културно наследство може да се види и денес во архитектурата, стилот на облекување и уметноста. Зад симболиката на овие културни обележја, има силни елементи на племенски и господарски врски. Луѓето од елитата се самопрогласувале за кралеви и граделе бурхови (утврдени градови) и според принципите во Библијата си ја дефинирале својата улоги и улогата на својот народ. Во текот на англосаксонскиот период, месните и пошироките родовски заедници биле суштинска единица во производството.Hamerow, Helena. Rural Settlements and Society in Anglo-Saxon England. Oxford University Press, 2012. p166 Според една студија од 2015, ефектите од родовската поделба се присутни и денес, односно дека генетскиот состав на Британците денес се совпаѓа со поделбата на племенските политички единици од раниот англосаксонски период.
Терминот англосаксонски почнал да се користи во 8 век (на латински и на континентот) за да ги разграничат „германските“ етнички групи во Британија од оние на континентот (Стара Саксонија и Ангелн во Северна Германија)."The Anglo-Saxon World"
Поврзано
Англофризиски јазици Фризија
Наводи
Надворешни врски
Фотографии од над 600 предмети пронајдени во англосаксонската резерва во Стафордшир септември 2009 година Англосаксонско златно складиште Септември 2009 година: најголемото складиште досега официјално прогласено богатство Пронајдена огромна англосаксонска златна резерва, BBC News, со фотографии. Fides Angliarum Regum: верата на англиските кралеви Англосаксонско потекло: реалноста на митот од Малколм Тод Англосаксонски речник Библиографија на англосаксонските теми на Сајмон Кејнз
Категорија:Англосаксонска Англија Категорија:Германски народи