мини|десно|Модел на таблицата Дупјачка таблица — дрвена таблица со врежани натписи од 5202 (± 123) г. пр.н.е. Нејзината старост е утврдена со радиојаглеродно датирање и претставува многу рано сведоштво за писменоста на подрачјето на Македонија. Откриена е во 1993 г. во неолитската населба на брегот на Костурското Езеро Whitley, James. "Archaeology in Greece 2003–2004". Archaeological Reports, No. 50 (2003, pp. 1–92), p. 43. кај селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија и напишана е на сè уште недешифрирано писмо.
Откривање Самата езерска населба е откриена зимата 1932 г. кога нивото на водата се смалило, откривајќи ги остатоците. Во 1935 г. Антониос Керамопулос направил првичен увид. Ископувањата почнале во 1992 г. предводени од Георгиос Хурмузијадис, професор по праисториска археологија на Солунскиот универзитет. Местото било населено мошне долго време, од средниот неолит (5600–5000 г. пр.н.е.) па сè до крајот на неолитот (3000 г. пр.н.е.). Ископани се разни предмети како керамика, дрвени градежни елементи, остатоци од дрвени структурни елементи, семки, коски, фигурини, накит, свиралки и дрвена таблица со непознати писмовидни знаци од обете страни.
Откриената таблица е претставена во февруари 1994 г. на симпозиум во Солунскиот универзитет.OWENS, GARETH A.. "BALKAN NEOLITHIC SCRIPTS" , vol. 38, no. 1-2, 1999, pp. 114-120 Наодите од наоѓалиштето се неформално опишани во напис од 2000 г.Eptakyklos: literary and archaeological magazine, June 2000 и од Хормузијадис во 2002 г.
Самата таблица е делумно оштетена кога била изложена на свеж воздух, извадена од бескислордната средина во која лежела многу долго време. Потоа била конзервирана ѝ се уште се изучува.
Поврзано Неолитот во Македонија Винчанско писмо Дупјачка неолитска населба
Наводи
Надворешни врски „Анаскама“ — стручно списание на археолозите што работат во Дупјак
Категорија:Недешифрирани писма Категорија:Македонија во младото камено време Категорија:6 милениум п.н.е. Категорија:Праисторија на Македонија Категорија:Археологија на Македонија Категорија:Археологија на Грција Категорија:Прединдоевропејци