мини|255x255пкс| Карта на Среднобанатскиот Управен Округ мини|339x339пкс| Етничка карта на Среднобанатскиот Управен Округ (попис 2002 година) Среднобанатски Управен Округ (; ) — еден од седумте административни окрузи на автономната покраина Војводина, Србија. Се наоѓа во географскиот регион Банат. Според резултатите од пописот од 2011 година, има население од 186.851 жители. Административен центар е градот Зрењанин.

Име На српски, округот е познат како Средњобанатски управни округ, на хрватски како Srednjobanatski upravni okrug , на унгарски како Közép-bánsági körzet, на словачки како Sredobanátsky okres, на романски како Districtul Banatul Central и на русински Стредобанатски окрух.

Општини Округот го опфаќа градот Зрењанин и следните општини: Нови Бечеј Нова Црња Житиште Сечањ

Население Според последниот официјален попис направен во 2011 година, Среднобанатскиот Округ има 187.667 жители.

Етнички групи Етничкиот состав на Среднобанатскиот Управен Округ е следниот: Етничка група Популација % Срби 134.264 71,54% Унгарци 23.550 12,55% Роми 7.267 3,87% Романци 4.214 2,25% Словаци 2.135 1,14% Хрвати 796 0,42% Југословени 769 0,41% Македонци 521 0,28% Црногорци 378 0,20% Бугари 298 0,16% Германци 219 0,12% Албанци 194 0,10% Муслимани 116 0,06% Словенци 113 0,06% Русини 108 0,06% Други 12.725 6,78% Вкупно 187.667

Цркви Има многу градби кои се истакнуваат по својата убавина: Православната црква Успение од 1746 година, Римокатоличката црква во Арач од 13 век и Римокатоличката катедрала од 1868 година и Реформаторската црква од 1891 година.

Поврзано Административна поделба на Србија Окрузи во Србија

Наводи

Забелешка: Сите официјални материјали направени од Владата на Србија се јавни со закон. Информациите се преземени од официјалната веб-страница .

Надворешни врски

Категорија:Окрузи во Војводина Категорија:Банат Категорија:Географија на Војводина Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Среднобанатски Управен Округ