300п|десно|мини|Хосе Леандро Андраде

Хосе Леандро Андраде (22 ноември 1901 - 5 октомври 1957) бил уругвајски фудбалер кој играл на крилните позиции . Го добил прекарот „Црното чудо“ ( maravilla negra ). За време на негововата кариера кога била во врвот, тој се сметал за еден од најдобрите фудбалери во светот, придонесувајќи за доминацијата на фудбалската репрезентација на Уругвај во меѓународниот фудбал во текот на 1920-тите, освојувајќи два последователни олимписки златни медали, а потоа и првиот Светски куп на ФИФА.

Раниот живот мини|Андраде (зад шанкот) им послужува пијачка на соиграчите од Уругвај во Амстердам (1928) Андраде е роден во Салто во 1901 година од мајка му која била Аргентинка. Хосе Игнасио Андраде, за кој се верува дека му бил татко, бил наведен во изводот на родените како сведок. Постариот Андраде, кој имал 98 години во времето на раѓањето на Хосе Леандро Андраде, бил експерт за африканска магија и се верува дека бил роб роден во Африка, кој избегал од Бразил .

На рана возраст Андраде се преселил во бариото на Палермо во Монтевидео каде живеел со тетка му.

Пред воведувањето на професионалниот фудбал во Уругвај, тој работел на повеќе работни места. Едно време работел како карневалски музичар свирејќи на тапани, виолина и тамбура,, а дел од останатото време ја предводел корпорацијата за тапани за карневалската компарса Либертадорес де Африка . Во различни периоди од животот работел и како чевлар и продавач на весници.

Играчка кариера

Клупска кариера Како тинејџер Андраде играл за клубот од Монтевидео Мисионес .

Во раните 1920-ти Андраде потпишал за клубот Бела Виста, каде што одиграл 71 натпревар и постигнал седум гола. Тогсш од клубот Бела Виста првпат бил избран за играч за државната репрезентација.

Андраде подоцна се преселил во Национал каде што освоил четири првенства на Уругвај и три национални купови.

Андраде преминал во Пењарол во 1930 година каде одиграл 88 натпревари во следните неколку години. Тој тренирал со Пењарол како тинејџер, но не бил тогаш примен.

Од средината на 1930-тите играл за голем број тимови во Аргентина, вклучувајќи ги Атланта и Ланус - Талерес . Тој исто така имал краток престој со Вондерерс во Уругвај.

Меѓународна кариера Андраде заработил 34 настапи со Селесте Олимпика постигнувајќи еден гол помеѓу 1923 и 1930 година

Јужноамериканско првенство Андраде играл во победничките тимови од Јужноамериканското првенство (сега познато како Копа Америка ) во 1923, 1924 и 1926 година

Олимпијада 1924 година Андраде го освоил својот прв олимписки златен медал на Олимпискиот фудбалски турнир во Париз во 1924 година. Тој бил признат како првиот црн интернационален фудбалер кој играл олимписки фудбал. Тој го добил прекарот Црното чудо и Црниот бисер, вториот име подоцна користен за да потсетува на Пеле .

Како реакција на победата на Олимпијадата во 1924 година, уругвајскиот тим беше предизвикан на серија од два меча со Аргентина . На вториот натпревар на стадионотЕстадио Спортиво Баракас во Буенос Аирес, Андраде бил гаѓан со камења од аргентинската публика на што Андраде и остатокот од уругвајскиот тим одговорија фрлајќи ги камењата назад. Во бунтот кој следел, член на неговиот тим бил уапсен, а Уругвајците одбија да го одиграат остатокот од натпреварот.

Олимпијада 1928 година Во 1928 година Андраде го освои својот втор олимписки златен медал на Олимписките игри во 1928 година во Амстердам. За време на полуфиналниот натпревар против Италија, Андраде се судрил во стативата од голот, при што тешко го повредил окото. Тоа подоцна му се влошило до тој степен што тој станал слеп на тоа око.

Светско првенство на ФИФА 1930 година И покрај тоа што не бил на својот врв од кариерата, тој успеал да биде еден од најдобрите играчи на Уругвај бидејќи го освоиле Светското првенство во 1930 година . На крајот на турнирот бил избран во Ол-стар тимот. Во 1994 година, тој бил избран од Франс Фудбал како број десет во Топ-100 на Светскиот куп.

Плакета била поставена на Естадио Сентенарио во чест на неговите достигнувања.

Стил на играње Андраде исто така бил заслужен за интелигентен и искрен играч кој никогаш не ги прославувал своите голови. Тој бил динамичен, брз и многу технички играч кој можел да доминира на теренот без физичката способност на многу негови соиграчи.

Подоцнежниот живот По турнеите во девет европски земји со уругвајскиот клуб Национал на Андраде, во 1925 година, тие привлекле над 800.000 гледачи. Андраде одиграл половина од таа турнеја кога докторот во Брисел му кажал дека се заразил со сифилис . Тој исчезнал во Париз откако ја слушнал веста. Андраде се вратил во Монтевидео дури два месеци подоцна; таму еден репортер објавил дека ослабел и изгледал во состојба на депресија. Потоа Андраде поминал курс на лекување. Андраде го изгуби малку темпото, но ништо од неговата вештина и продолжил да обезбеди меѓународни титули за Уругвај. Се зборувало дека ослепел на едното око по полуфиналето против Италија, Андраде налетал на стативата и се шпекулираше дека повредата е толку сериозна што подоцна го заслепил едното око. Други рекле дека неговото слепило и влошеното здравје биле предизвикани од сифилис.

Андраде бил гостин на Светското првенство во фудбал во 1950 година кога Уругвај го освоил своето второ светско првенство. Неговиот внук Виктор Родригес Андраде, член на тимот од 1950 година, го усвоил Андраде како негово второ презиме во чест на Андраде. Во 1956 година германскиот новинар Фриц Хак шест дена го барал Андраде во Монтевидео. Го нашол како живее во страшни услови во подрум од стан. Андраде бил премногу опиен за да ги разбере прашањата на Хек. За една година, Андраде умрел, без пари и алкохоличар, во азил во Монтевидео на 55-годишна возраст.

Почести

Клупски

Национал Примера дивизион Уругвај Победник: 1924 година Вицешампион: 1929 година Пењарол Примера дивизион Уругвај Победник: 1932, 1935 година Вицешампион: 1933, 1934 година

Меѓународни

Уругвај олимписки игри Златен медал: 1924, 1928 година Светско првенство на ФИФА Победник: 1930 година Јужноамериканско првенство Победник: 1923, 1924, 1926 година Вицешампион: 1927 година

Поединечни

Фудбалер на векот на IFFHS : 69-ти Јужноамериканско првенство : најдобар играч 1926 година Светско првенство на ФИФА : Бронзена топка 1930 година Светско првенство на ФИФА : Ол-стар тим 1930 година Топ-100 на Светското првенство во Франс Фудбал 1930–1990: 10

Наводи

Категорија:Фудбалери освојувачи на Светско првенство Категорија:Уругвајски фудбалери Категорија:Починати во 1957 година Категорија:Родени во 1901 година