Месен Лист — блиско вонгалактичко подрачје каде Млечниот Пат, припадниците на Месната Група и други галаксии делат слична особена брзина. Ова подрачје се наоѓа во полупречник од околу 7 Мпс (23 Мсг), и има дебелина од 0,46 Мпс (1,5 Мсг). Галаксиите подалеку од тоа подрачје имаат изразено различни брзини. Месната Група има само релативно мала особена брзина од 66 км⋅с−1 во однос на Месниот Лист. Типичната брзинска распределба на галаксиите изнесува само 40 км⋅с−1 во полупречничка насока. Речиси сите недалечни сјајни галаксии му припаѓаат на Месниот Лист. Тој е дел од Месната Зафатнина и е сместен во суперјатото Девица (Месно Суперјато). Месниот Лист образува ѕид од галаксии кој исцртува една граница на Месната Шуплина.
Значителна составница на средната брзина на галаксиите во Месниот Лист е производ на гравитациското привлекување на галактичкото јато Девица, што прави особено движење од ~185 км⋅с−1 кон јатото. Втора составница е насочена вон средиштето на Месната Шуплина — просторно подрачје сиромашно со галаксии кое се шири и има тековна големина од 45 Мпс (150 Мсг). Оваа составница има брзина од 259 км⋅с−1. Месниот Лист е наклонет 8° од Месно Суперјато (Девица).
Таканаречениот Совет на Џинови е прстен од дванаесет големи галаксии кои ја обиколуваат Месната Група во Месниот Лист и има полупречник од 3,75 Мпс (12,2 Мсг). Десет од нив се спирални, а останатите две се елиптични. Елиптичните (Мафеи 1 и Кентаур A) се наоѓаат на спротивните страни од Месната Група. + Галаксии во „Советот на Џинови“ Ознака Име Соѕвездие Оддалеченост (Мсг) Ѕвездена маса * NGC 253 Вајар Вајар 11 10,805 PGC 9892 Мафеи 1 Касиопеја 11 10,928 PGC 10217 Мафеи 2 Касиопеја 11 10,493 IC 342 Колдвел 5 Жирафа 11 10,302 NGC 3031 M 81 Голема Мечка 12 10,905 NGC 3034 M 82 Голема Мечка 11 10,573 NGC 4736 M 94 Ловечки Кучиња 15 10,458 NGC 4826 M 64 Береникина Коса 16 10,496 NGC 5236 M 83 Водна Змија 16 10,642 NGC 5128 Кентаур A Кентаур 11 11,169 NGC 4945 Колдвел 83 Кентаур 12 10,528 ESO 97-G13 Шестар Шестар 14 10,559
* Масата е наведена како логаритам на масата во сончеви маси.
Поврзано Месна Шуплина Супергалактички координатен систем
Наводи
Категорија:Суперјата Категорија:Големоразмерна структура на вселената