Тајлер Шан Адамс (англиски: Tyler Shaan Adams; роден на 13 ноември 2002, во Вапингер) — американски фудбалер, играч од средниот ред на Борнмут и на американската репрезентација.

Првенствено како играч од средниот ред, Адамс е способен да игра како бек или крило на двете страни од одбраната или средниот ред.

Адамс го претставувал САД на повеќе младински нивоа пред да го направи своето деби за сениорската репрезентација во 2017 година.

Клупска кариера

Рана кариера Адамс се приклучил на Академијата на Ред Булс во 2011 година и играл со играчите под 13, 14 и до 16 години пред да стане професионалец.

Њујорк Ред Булс II

На 19 март 2015 година, Адамс потпишал договор со Њујорк Ред Булс II, сениорскиот резервен тим на клубот кој игра во Унајтед фудбалската лига. Адамс го направил своето деби за тимот на 4 април 2015 година, во победата со 4–1 над Торонто ФК II, прва победа во клупската историја. Откако редовно играл за тимот во текот на сезоната 2016, Адамс му помогнал на клубот да победи со 5-1 над Своуп Парк Ренџерс во финалето на Купот на УСЛ 2016.

Њујорк Ред Булс На 23 јули 2015 година, Адамс го направи своето деби со првиот тим на Њујорк Ред Булс во пријателски натпревар против шампионот во Премиер лигата, Челси. Тој го постигнал вториот гол на натпреварот, удирајќи со глава покрај Асмир Беговиќ во 69. минута, додека Ред Булс победиле со 4–2.

Адамс го потпишал својот прв договор за сениорскиот тим на 3 ноември 2015 година и се приклучил на првиот тим во претсезонскиот тренинг камп во 2016 година. Адамс го направил своето прво појавување на клупата за МЛС како неискористена замена на 1 април 2016 година, за време на поразот со 1-0 од Њу Ингланд Револушн, а на 13 април го направи своето деби во МЛС, почнувајќи од стартот со Сан Хосе Ертквејкс, пред да се врати во Ред Булс II на позајмица до крајот на сезоната.

Адамс се појавил како редовен стартер за сениорскиот тим на Ред Булс во сезоната 2017. На 15 август 2017 година, Адамс му помогнал на Њујорк да дојде до победа од 3–2 над ФК Синсинати, асистирајќи при израмнувањето на Бредли Рајт-Филипс во 77 минута. Со победата, Њујорк стигнал до своето прво финале на Отворениот куп од 2003 година. Адамс ги постигнал своите први два гола во МЛС во ремито 3–3 со Ди Си Јунајтед на 27 септември 2017 година.

На 13 март 2018 година, Адамс го отворил резултатот за Њујорк во победата со 3–1 над Клуб Тихуана, помагајќи му на клубот да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ за прв пат во својата историја.

РБ Лајпциг

Адамс се приклучил на РБ Лајпциг во јануари 2019 година, каде повторно имал можност да соработува со својот поранешен тренер Џеси Марш. Тој го започнал својот прв натпревар во Бундеслигата на 27 јануари во победата со 4-0 против Фортуна Диселдорф. На 16 февруари, Адамс ја забележал својата прва асистенција во Бундеслигата во победата од 3–1 над Штутгарт. Тој ги пропуштил сите априлски натпревари поради повреда, а дотогаш Лајпциг немал изгубено ниту еден натпревар со него на теренот. На 16 мај, Адамс се вратил во тимот, а единаесет дена подоцна го започнал финалето на ДФБ-Покал против Баерн Минхен во кое Лајпциг загубил со 0–3.

Повредата на препоните го оддалечила Адамс од терените во летото 2019 година и првата половина од сезоната 2019-20 во Бундеслигата. Тој се вратил на последниот натпревар пред зимската пауза, играјќи 86 минути во победата од 3–1 над Аугсбург. На 10 март, Адамс го направил своето деби во Лигата на шампионите во реванш натпреварот против Тотенхем Хотспар, кога влегол како замена за Норди Мукиеле, кој се здобил со повреда на главата. Натпреварот завршил со победа на Лајпциг 3–0 (4–0 вкупен резултат) и пласман во следната рунда. На 13 август 2020 година, Адамс го постигнал победничкиот гол за Лајпциг во победата од 2–1 над Атлетико Мадрид, помагајќи му на клубот да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите за првпат во нивната историја.

Во сезоната 2021-2022, неговата последна во Лајпциг, тој го освоил Купот на Германија со клубот после победата на пенали над ; Адамс натпреварот го започнал на клупата, но се појавил во игра како замена во првото продолжение на местото на Конрад Лајмер. Вкупно во дресот на РБ Лајпциг, Адамс одиграл 103 натпревари и постигнал 2 гола.

Лидс Јунајтед На 6 јули 2022 година, Адамс потпишал петгодишен договор со англискиот клуб од Премиер лигата, Лидс Јунајтед, во трансфер вреден 20 милиони фунти. Тој го направил своето првенствено деби за Лидс на 6 август, како дел од стартната постава во натпреварот на отворањето на сезоната добиен со 2-1 на домашен терен против Вулверхемптон Вондерерс. Откако импресионирал со своите изведби во средниот ред неколку месеци по ред, Адамс ја повредил тетивата на тренинг пред вториот натпревар против Вулверхемптон за сезоната на 18 март. Подоцна истиот месец, тој бил подложен на операција, поради што морал да го пропушти остатокот од сезоната.

Борнмут После испаѓањето на Лидс од Премиер лигата на крајот од сезоната 2022-2023, Адамс потпишал петгодишен договор со Борнмут што му овозможило да остане во највисокото ниво на англискиот фудбал.

Репрезентативна кариера thumb|Адамс (лево) во воздушен дуел со Мејсон Маунт (десно) за време на натпревар меѓу и на СП 2022 Адамс ги претставувал Соединетите Американски Држави со тимовите под 15, 17 и под 20 години. Тој се појавил на сите натпревари на неговиот тим на првенството на КОНКАКАФ до 17 години во 2015 година во Хондурас, помагајќи им на САД да се квалификуваат за Светското првенство на ФИФА до 17 години во 2015 година. Во мај 2017 година, Адамс ги одиграл сите натпревари за Соединетите Држави на Светското првенство на ФИФА до 20 години во Јужна Кореја 2017 година. На 14 ноември 2017 година, Адамс го одиграл својот прв натпревар за сениорската репрезентација, играјќи ги цели 90 минути во ремито 1–1 со Португалија. На 11 септември 2018 година, Тајлер Адамс постигнал гол против Мексико на пријателски натпревар на стадионот Нисан во Нешвил, Тенеси.

Во јуни 2019 година, Адамс бил именуван во тимот за Златниот куп на КОНКАКАФ 2019, но бил принуден да се повлече поради повреда.

Во ноември 2022 година, Адамс бил назначен за капитен на американската репрезентација за Светското првенство 2022 година во Катар. Ова го направило најмладиот капитен на првенството и најмладиот американски капитен од 1950 година.

Личен живот Адамс е роден во округот Дачес, Њујорк во семејството на Мелиса Русо. Неговиот очув, Дерил Саливан, бил фудбалски тренер во средно училиште и колеџ. Адамс дипломирал на средното училиште Рој К. Кечам во Вопингерс Фолс, Њујорк.

Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 11 јуни 2025 Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015 Њујорк Ред Булс II УСЛ 11 0 УСКуп 1 0 - - - - - - 12 0 2016 УСЛ 18+4Play-off. 0 УСКуп - - - - - - - - 22 3 Вкупно Њујорк Ред Булс II 29+4 3 1 0 - - - - 34 3 2016 Њујорк Ред Булс МЛС 1 0 УСКуп - - - - - - - - 1 0 2017 МЛС 24+3 2 УСКуп 5 0 CCL 3 0 - - - 35 2 2018 МЛС 27+4 0 УСКуп 1 0 КЛШ 6 1 - - - 38 1 Вкупно Њујорк Ред Булс 52+7 2 6 0 9 1 - - 74 3 јан.-јун. 2019 БЛ 10 0 КГ 2 0 - - - - - - 12 02019-2020 БЛ 14 0 КГ 0 0 ЛШ 3 1 - - - 17 12020-2021 БЛ 27 1 КГ 4 0 ЛШ 6 0 - - - 37 12021-2022 БЛ 24 0 КГ 4 0 ЛШ+ЛЕ 5+4 0 - - - 37 0Вкупно РБ Лајпциг 75 1 10 0 18 1 - - 103 2 2022-2023 ПЛ 24 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 26 0 2023-2024 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 4 0 2024-2025 ПЛ 28 0 ФАКуп+ЛК 4+0 0+0 - - - - - - 32 0 2025-2026 ПЛ 18 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 19 0 Вкупно Борнмут 49 2 6 0 - - - - 55 2 Вкупно во кариерата 240 5 25 0 27 2 - - 292 7

Репрезентација РепрезентацијаГодинаНастапиГолови САД20171020188120191020202020211002022100Вкупно321

Титули Клупски Њујорк Ред Булс MLS Supporters Shield : 1 2018

РБ Лајпциг Куп на Германија : 1 2021-2022

Репрезентативни САД КОНКАКАФ Лига на нации : 2 2019-2020, 2023-2024

Наводи

Надворешни врски

Тајлер Адамс на soccerway Тајлер Адамс на transfermarkt Тајлер Адамс на espn Тајлер Адамс на whoscored

Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Њујорк Ред Булс Категорија:Фудбалери на РБ Лајпциг Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на АФК Борнмут Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026